„Тој спие како бебе, срцето ми е мирно“ – Данијела Димитровска без шминка, ужива со вереникот на одмор
- Детали
- сабота, 02 август 2025
Таа позира без шминка и со пеги на лицето, а нејзиниот 6 години помлад партнер спие до неа на плажа, но објави и фотки додека таа спие стуткана во постела и моменти поминати со двете деца – Данијела Димитровска ужива на одмор и ја покажа реалната страна, наместо лажно совршената.

Данијела Димитровска е на одмор во Црна Гора со својот 6 години помлад свршеник и со нејзините две деца кои ги има со Огњен Амиџиќ.
Но, за разлика од многуте совршени фотки, овој пат, таа ја покажа реалната слика.
Објави фотографии од себе без шминка и со пеги на лицето, од моменти во кои таа ужива додека партнерот спие на лежалка, но и прошетките, прегратките со децата и сите моменти во кои вистински ужива.
„Социјалните мрежи понекогаш ме тераат да заборавам да споделам баш вакви моменти – кожата уште солена од морето, тој спие како бебе, а мене срцето ми е мирно.
Испегланите моменти најчесто добиваат повеќе внимание, но она што навистина вреди... не вреска, само постои. Ништо не е совршено, а и не треба да биде.
Ова се моите луѓе. Моите потпирачи, мојот дом.
Затоа само мал потсетник (и за себе и за вас): сакајте ги своите луѓе, чувајте ги, заблагодарете се, не заради Инстаграм, туку заради животот. Затоа што тука е суштината“ – напиша таа во описот на објавата.

Повеќе фотки од одморот на Данијела:









М. М. | Црнобело