Српската пејачка Барбара Бобак е непрепознатлива пред пластичните операции (фото)
- Детали
- сабота, 16 август 2025
Некогашна девојка на пејачот Дарко Лазиќ отворено проговори какви корекции направила на себе, вели дека ја поддржува естетската хирургија и оди дотаму што вели „Не сте грди, само немате пари“, по што предизвика лавина од негативни реакции.

Српската пејачка Барбара Бобак, некогашна девојка на пејачот Дарко Лазиќ, многу го измени својот изглед во последните години.


Таа за српските медиуми искрено проговори која е нејзината тајна:
„Ботокс! Им го препорачувам на сите. Нема никаква позадина, само правете го тоа што ве инспирира. Да живее естетската хирургија во секоја смисла!

Не сте грди, само немате пари (ха-ха). Не сакате да дадете пари за разни козметички третмани.
Имам ставено ботокс, фасети (тенки обвивки изработени од порцелан или композитен материјал, кои се лепат на предната страна на забите), го средив подбрадокот, а ги средував и усните.

Многу колеги и колешки кријат, но јас немам нерви да глумам, да лажам и да измислувам бидејќи сум многу заборавена, па често заборавам на кого што сум рекла, така што полесно ми е да ја кажувам вистината.

Сега е 2025 година и мислам дека сите ставаат ботокс и филери.
Ако некој измислил нешто што може да ти помогне со самодовербата – зошто да не?
Животот е прекраток за да не изгледаш најдобро што можеш“.
Прочитајте и Србинка, која се омажи со средношколската љубов: „Ако треба да бидете заедно - ќе се сретнете повторно“
С. С. | Црнобело