Јелена Томашевиќ заљубена во нашиот бисер, Охрид - Го посети Св. Наум, ноќна прошетка низ стариот град
- Детали
- сабота, 02 август 2025
„Добре ни дојде во убавиот Охрид“ - ѝ напишаа неколку македонски фанови, откако пејачката сподели фотографии како ужива во градот.

Јелена Томашевиќ на 6 август ќе одржи концерт во Антички театар во Охрид, но таа реши да помине подолго време во градот.
Пејачката една недела пред концертот веќе е во Охрид, за кој неколкупати има кажано дека ѝ е еден од омилените и дека секогаш со радост му се враќа.
Овој пат, преку фотографии на Инстаграм, таа со своите следбеници сподели моменти од времето поминато во градот во кој е заљубена.
Јелена го посети манастирот Св. Наум, пиеше кафе покрај езерото, отиде на ноќна прошетка низ калдрмите на стариот град.

„Добре ни дојде во убавиот Охрид“ - ѝ напишаа неколку македонски фанови.
Погледнете ги фотографиите:





А. Ј. | Црнобело