Гените се чудо: Ќерката на Гоца Тржан порасна во вистинска убавица - ужива на јахта со другарките
- Детали
- понеделник, 04 август 2025
Откако прослави полнолетство, Лена почна поинтензивно да објавува фотографии на Инстаграм. Сега позира на јахта и покажува дека гените се чудо - таа ја наследила убавината од мајка си, а нејзините следбеници велат само да не тргне по стапките на татко си и да стане ријалити ѕвезда.

Лена Маринковиќ (18) е ќерка на пејачката Гоца Тржан и ријалити учесникот Иван Маринковиќ.

Таа пред извесен период наполни 18 години и веднаш по станувањето полнолетна почна да привлекува внимание на социјалните мрежи.

Прочитајте и Ќерката на Гоца Тржан наполни 18 години - Пејачката клекна на колена пред неа на забавата, им пееше Саша Ковачевиќ
Лена на Инстаграм почна да објавува фотографии од себе, од кои последните се направени за време на одморот на јахта со другарките.
Таа е убавица, како и мајка ѝ.




На нејзиниот роденден присуствуваше и Раша, вториот сопруг на нејзината мајка, со кого Лена е во одличен однос.


Гоца во една пригода изјави дека кога нивна кавга ескалирала, тој ѝ кажал нешто со кое што засекогаш ѝ го освоил срцето.
Тој во еден миг ѝ рекол: „Те молам, само немој да ми забраниш да ја гледам Лена, таа е сè што имам“.

Инаку, парот нема заедничко дете, а Раша ја гледа Лена како своја ќерка.

