По концертот во Охрид, Лепа Брена стана пензионерка - Одобрена ѝ е пензија по 40 години кариера
- Детали
- вторник, 05 август 2025
Според медиумите, можно е Брена (64) да добива и национална пензија поради својата блескава кариера. И иако не се знае колкава ќе биде редовната пензија на Брена, ако биде ставена на листата за национална пензија, тој износ е скоро 98.000 српски динари, односно приближно 50.000 денари.

Само три дена откако направи спектакл во Охрид (01.08), Лепа Брена и официјално стана пензионерка.
Оние кои беа на концертот во Охрид, каде Брена повеќе од 2 часа пееше, играше, скокаше со танчерите, и сето тоа го правеше во високи потпетици на 64 години, не можат да ја замислат пејачката како пензионерка.

Но, Брена, по повеќе од 40 години кариера, пред неколку месеци поднела барање за добивање пензија во институциите во Белград, а според регионалните медиуми, вчера и официјално добила потврда дека барањето ѝ е одобрено.
Таа наскоро ќе почне да ја добива пензијата заедно со сите останати пензионери во државата.

„Не сакам пензија. Сакав кога имав 29-30 години, но веќе не“, рекла Брена одамна во свое интервју.
Според медиумите, можно е да добива и национална пензија поради својата блескава кариера, исто како Маја Оџаклиевска, Лепа Лукиќ, Мирослав Илиќ и други.

Иако не се знае колку ќе биде редовната пензија на Брена, доколку биде ставена на листата за национална пензија, тој износ е скоро 98.000 српски динари, односно приближно 50.000 денари.
Се шпекулира дека пејачката низ годините си уплатувала пензиско и здравствено осигурување и во САД, па дека и од таму ќе зема пензија.

Секако, ова не значи дека таа се повлекува од сцената, но, според нејзини блиски пријатели, ќе го забави темпото и ќе го намали бројот на концерти кои ги има годишно, за да ужива повеќе со семејството.
Повеќе фотографии од концертот на Лепа Брена во Охрид:





Прочитајте и Шминкерот Марјан Петров ја разубави Лепа Брена за концертот во Охрид - сподели фотки од гардеробата на пејачката
А. Ј. | Црнобело / фото: Самандов С.