Кеба не сака да ја види ќерката, Мирослав Илиќ не го признава синот - Познати мажи од регионот со вонбрачни деца

Маринко Роквиќ беше близок со вонбрачниот син Дарио, а неговата сопруга и децата го прифатија како рамноправен член на семејството. Мирослав Илиќ, пак, не сакаше да даде ДНК за да се утврди дали е татко на Девин.

keba-ne-saka-da-ja-vidi-kjerkata-miroslav-ilikj-ne-go-priznava-sinot-poznati-regionalni-lichnosti-so-vonbrachni-deca-01.jpg

За многу познати личности од регионот се знае дека се семејни луѓе, во среќен брак, со (сега веќе возрасни) деца.

Токму затоа јавноста беше изненадена кога дозна дека некои од нив имаат вонбрачни деца.

А тие како татковци се различни - едни си ги признале децата и имаат блиска врска со нив, други никогаш не сакале да ги запознаат, а има и такви за кои преку суд беше докажано дека имаат вонбрачни деца, зашто не сакале да ги признаат, ниту пак да имаат контакт со нив.

Кои мажи од регионот имаат вонбрачни деца и каков им е односот?

Драган Којиќ Кеба

Кеба ја доби ќерката Ина со текстописецот Љиљана Јевремовиќ, но никогаш не ја призна.

Кога беше докажано дека е татко на девојчето, Љиљана побара алиментација, поради што случајот дури заврши и на Меѓународниот суд во Стразбур.

И покрај ова, никој од семејството Којиќ никогаш не ја призна.

Пејачката Наташа Којиќ, во една прилика кажа дека никогаш нема да ја признае Ина како своја сестра, до ден денес никој не ја контактирал, а Кеба одбива да ја види.

keba-ne-saka-da-ja-vidi-kjerkata-miroslav-ilikj-ne-go-priznava-sinot-poznati-regionalni-lichnosti-so-vonbrachni-deca-06.jpg

Мирослав Илиќ

Пејачот го има синот Девин од вонбрачна врска со Мирјана Антоновиќ, а татковството беше докажано по 15 години судење, кога под присила Илиќ даде ДНК материјал за анализа.

Сепак, тој поднесе жалба на пресудата, поради што повторно ќе одат на рочиштата.

Мирјана, пак, изјави дека кога ќе биде донесена конечната пресуда, таа ќе покрене петиција за промена на законот за докажување на татковство, според кој ДНК анализата би била задолжителна, за да им се олесни на жените во иднина.

keba-ne-saka-da-ja-vidi-kjerkata-miroslav-ilikj-ne-go-priznava-sinot-poznati-regionalni-lichnosti-so-vonbrachni-deca-04.jpg

Маринко Роквиќ

Маринко го признал својот син Дарио, кого го добил многу млад и никогаш не помислил да го негира татковството.

Тој не само што го прифатил својот син, туку му го дал и презимето и се обидел да не прави никаква разлика помеѓу него и синовите што ги имаше со сопругата Славица, Никола и Марко.

Иако Дарио пораснал и живее во САД, редовно ги гледа своите полубраќа и тие се блиски и денес, неколку години по смртта на пејачот.

keba-ne-saka-da-ja-vidi-kjerkata-miroslav-ilikj-ne-go-priznava-sinot-poznati-regionalni-lichnosti-so-vonbrachni-deca-08.jpg

Горан Бреговиќ

Музичарот има три ќерки со сопругата Џенана и една е вонбрачна, Жељка, која ја добил со Јасенка, танчерка што ја запознал во клубот каде што таа работела.

Горан ја признал наследничката која се родила пред тој да се ожени и имаат одличен однос.

Таа не се појавува во медиумите, но е успешна жена со приватен бизнис и живее во Сараево.

keba-ne-saka-da-ja-vidi-kjerkata-miroslav-ilikj-ne-go-priznava-sinot-poznati-regionalni-lichnosti-so-vonbrachni-deca-07_copy.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Теа Таировиќ се омажи за возачот - познати Србинки кои ги заведоа своите вработени Љубовта не бира ни време ни место, ниту пак професионален ангажман, а неколкупоз...
Весна Џогани за болните спомени: „Социјална служба ме зеде од мајка ми, бев во дом за деца без родит... „Не беше нејзина одлука да ме остави. Мајка ми немаше каде да живее. Живееше во ...
Гените се чудо: Ќерката на Гоца Тржан порасна во вистинска убавица - ужива на јахта со другарките Откако прослави полнолетство, Лена почна поинтензивно да објавува фотографии на ...
Српски пејач (88) е во врска со 41 година помлада: „На моите деца не им беше пријатно кога дознаа“ „Сфативме дека сме еден за друг. Ако некој зборува вака или онака, тоа е нивен п...
Српската пејачка Милена Чераниќ: „Имам видено многу повеќе среќни парови без деца, отколку со по нек... „Не ми зборувајте дека најважно е да родам дете, затоа што за мене е најважно да...
Познати Србинки кои се посвоени - Една ќе го наследи „пола Белград“, друга тврди дека ѝ фрлале црна ... Не е тајна дека еден од најдобрите српски кошаркари на сите времиња, Владе Дивац...

Најчитани неделава