Кеба не сака да ја види ќерката, Мирослав Илиќ не го признава синот - Познати мажи од регионот со вонбрачни деца
Шабан Шаулиќ
Шабан го добил својот прв син Роберт кога имал само 18 години.
Тој целиот свој живот се обидувал да го направи односот помеѓу неговото вонбрачно дете и синот Гордан, што го доби со сопругата, хармоничен.
Шаулиќ плаќал алиментација за Роберт до неговата 18-та година.

Ера Ојданиќ
Фолк-пејачот никогаш не криел дека многу ги сака жените и има пет деца.
Две од нив, синот Андреас и ќерката Бјанка, се вонбрачни, но тој целосно се грижел за нив финансиски и правел сè за остатокот од неговото семејство да ги прифати.
Ера во една прилика дури и кажал дека неговата покојна сопруга ги прифатила децата и дека тие многу се почитувале и сакале, а дека тој како татко, не прави никаква разлика меѓу петте деца.

Халид Муслимовиќ
Популарниот пејач има вонбрачна ќерка, Ена, која одбивал да ја признае 18 години.
Тоа го сторил дури откако била направена ДНК анализата, но никогаш не сакал да зборува со медиумите за овој дел од животот.
Покрај Ена, ги има синот Енис и ќерката Лејла, кои ги добил со сопругата Мелина.

Синиша Михајловиќ
Славниот фудбалер го запознал вонбрачниот син Марко на негови 18 години, поточно во 2004-та, иако го признал за свој веднаш по раѓањето.
Од бракот со Аријана, Михајловиќ имаше 5 деца - ќерките Викторија и Вирџинија, како и трите сина: Мирослав, Николас и Душан.
Во една пригода Синиша рекол дека сакал цел живот да го запознае, но решил момчето да порасне, и еден ден, како возрасни мажи, да разговараат за сè.

Горан Вишњиќ
Хрватскиот актер Горан Вишњиќ од бракот со Ева Врдољак има три деца - две посвоени и едно биолошко дете.
Но, тој има и вонбрачна ќерка, Лана Лурдес, која ја доби од аферата со неговата поранешна соученичка, Мирела Рупиќ.
Горан на почетокот негирал сè, но конечно ги признал ќерката и аферата, за која вели дека била само за една ноќ.

А. Ј. | Црнобело