Омилената „Хурем Султан“ славеше 42 роденден - раскошна забава во златно, торта со ликовите на саканите луѓе
- Детали
- среда, 13 август 2025
Турската актерка роденденот го прослави во стил на вистинска султанка, со раскошна забава дома, каде и таа и гостите беа облечени во златно, но златни беа и чиниите, приборот, украсите, па и свеќичките на тортата.

Актерката Мерјем Узерли, која публиката и денес ја памети по улогата на Хурем Султан во серијата „Величенствениот“, наполни 42 години.
Таа роденденот го прослави во стил на вистинска султанка, со раскошна забава дома, каде и таа и гостите беа облечени во златно.

Златни беа и чиниите, но и приборот, украсите, свеќичките на тортата.
Актерката имаше интересна торта - врз секое парче беше отпечатена различна фотографија од неа, таа со децата, со саканите.

Мерјем на Инстаграм сподели фотки од прославата, па им се заблагодари и на сите фанови за честитките.
„Ми ја стопливте душата. Ви благодарам на сите од дното на моето срце“, напиша таа.
Погледнете ги фотографиите:











А. Ј. | Црнобело