Хит реакција на Северина кон следбеничка: „Ќе се облекувам според годините кога ќе ми го позајмите вашиот фустан“
- Детали
- четврток, 14 август 2025
Откако повозрасна госпоѓа во коментари ја праша: „Кога планираш да почнеш да се облекуваш согласно годините“, Северина реши да не премолчи и повторно да влезе во „онлајн војна“, па се пресмета со хит одговор кој вирално се споделува.

Северина изгледа не сака да остане со затворена уста, па често влегува во онлајн дебати со луѓе кои ја критикуваат и осудуваат.
Минатата година таа водеше Инстаграм војна со најзгодниот свештеник во Хрватска и предизвика низа реакции со својата хит изјава.
Прочитајте повеќе: Северина во војна со најзгодниот свештеник во Хрватска: „Јас само имав добар секс, ти посакувам и тебе да пробаш“

Сега, таа одлучи да се пресмета со нејзина следбеничка, која можеби ѝ е обожавателка, но изгледа како да е осудувачки настроена кон неа.

На една од објавите со фотки од стајлингот, повозрасна госпоѓа ѝ искоментирала на пејачката: „Кога планираш да почнеш да се облекуваш согласно на своите години?“.


Додека многумина би го игнорирале овој коментар, Северина не премолчи, па стана вирален хит со својот одговор кој гласи:
„Кога ќе ми го позајмите вашиот фустан од профилната фотографија“ – напиша таа, а на Инстаграм Стори објави скриншот од коментарите и прикачи фотографија од фустанот, со цел сите да видат за што станува збор.

Инаку, стајлингот на Северина е по повод концерт во Босна и Херцеговина, каде е облечена во корсет со кратко тексас боди со синџири и реси, што ги нагласува нејзините долги и витки нозе, како и деколтето.

Неколку дена подоцна, таа објави фотографии на кои е облечена во впечатлив, но позатворен фустан кој не открива многу за прославата на 35 години од матура, а во коментари сите се шегуваат дека треба да ѝ покаже на госпоѓата дека изгледа одлично што и да облече.

Повеќе фотки од „спорниот“ аутфит:




М. М. | Црнобело