Македонец ја обвини за барање мито, избегала од дома за да биде со сопругот - Факти за Вики Миљковиќ

Цеца Ражнатовиќ ѝ е кума, заработува милиони во бизнисот со недвижнини, и пред да си замине од „Ѕвездите на Гранд“ во „Пинкови ѕвезди“, беше вклучена во можеби најголемиот скандал во шоуто. Што знаеме за Вики Миљковиќ?

makedonec-ja-obvini-za-baranje-mito-izbegala-od-doma-za-da-bide-so-soprugot-fakti-za-viki-miljkovikj-01.jpg

Долги години пејачката Вики Миљковиќ беше член на жирито во „Ѕвездите на Гранд“, но честопати и самата знаеше да каже дека е најпотценета од сите.

Сега, после скоро една деценија во „Гранд“, таа потпиша договор за да биде дел од жирито на „Пинкови ѕвезди“.

Но, иако е начесто мирна и сталожена, а многумина велат дека е жена која „не гази на мравка“, на изненадување на јавноста, Вики оваа година се најде среде скандал.

Имено, македонскиот пејач Александар Темелков, кој пред неколку години беше нејзин кандидат во шоуто, ја обвини дека му барала мито, по што пејачката го тужеше за клевета.

По ова, Темелков, изјави дека зборовите му биле извадени од контекст, па јавно ѝ се извини.

Што знаеме за животот на Вики Миљковиќ?

Родена е на 18 декември 1974 во Велики Вртоп, близу Ниш, во Србија.

Завршила музичка академија во Приштина, но нејзините родители не сакале таа да се занимава со пеење.

Кога конечно прифатиле дека таа сака да биде пејачка и ништо друго, татко ѝ одел со неа на секој настап, па заедно направиле и стратегија за нејзината кариера.

На еден од ретките настапи на кои не дошол нејзиниот татко, во Бања Лука, Вики била со нејзината другарка, а подоцна и кума, Цеца Ражнатовиќ.

Таму го имала и првиот бакнеж со Драган Ташковиќ - Ташке, кој денес ѝ е сопруг.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Јована Јеремиќ: „Многу жени свеќи треба да ми палат - им ги праќав мажите назад дома“ „Тој маж да знаел да ја усреќи својата жена, немаше да дојде кај тебе. Јас ги вр...
Пред љубовта со 23 години помлада девојка, беше женет со колешка - Што знаеме за актерот Вахидин Пре... Од сопругата со која има син се разведе тивко и без скандали, но потоа почна врс...
Синот на Лепа Брена и Боба ужива на јахта со родителите – се бања со татко му, позира во Позитано со... Виктор, синот на Лепа Брена и Боба, објави фотки од семејниот одмор со родителит...
Синот на Лепа Брена пече леб и спрема казан со чварки – Подготовки во луксузниот дом за славење Св. ... Малиот син на Лепа Брена и Бобо, Виктор, секогаш помага во подготовките за куќна...
110.000€ за Здравко Чолиќ - Колку ќе заработат балканските ѕвезди за дочекот на 2026 година? Иако до дочекот на новата 2026-та година има повеќе од два месеца, многу балканс...

Најчитани неделава