„Бевме заедно на неговата ергенска забава, утредента се ожени со друга“ - Слобода Мичаловиќ за љубовта со Војин Четковиќ
- Детали
- недела, 24 август 2025
Кога се запознале, Слобода била малолетна, а Војин во долга врска и се подготвувал да стапи во брак. Но, неколку години потоа се сретнале и помеѓу се појавиле првите љубовни искри.

Слобода Мичаловиќ (44) и Војин Четковиќ (54) се во складен брак повеќе од 17 години и имаат две ќерки близначки, Вера и Мила.
И иако се секогаш во центарот на вниманието на јавноста, успеваат да си ја задржат приватноста за себе и многу ретко откриваат нешто што е дел од нивната семејна интима.
Па, велат, во тоа е и тајната на долговечноста на нивниот брак, што никој не знае што се случува зад затворени врати.
Српските медиуми, пак, ги разведуваат неколкупати годишно, но тие никогаш не демантираат, туку стојат еден покрај друг и си даваат поддршка.
Сепак, не кријат дека имаат и проблеми во бракот, но дека низ годините толку добро се запознале еден со друг, што знаат и како да ги совладаат сите пречки што ќе им се појават на патот.
А низ годините имале многу у пречки и непредвидени ситуации.
Како почнала љубовта на Слобода и Војин?
Не е тајна дека првите искри ги имале во текот на снимањето на филмот „Зона Замфирова“, но нивната врска почнала долго подоцна.
Кога се запознале, таа имала 17 години и била студент по глума, па заедно снимале студентски филм.
И по игра на случајот, заедно ја поминале вечерта пред неговата венчавка со првата сопруга, Наташа Миловановиќ.
„Се сеќавам дека таа 1998 година заедно го поминавме неговиот ергенски ден, зашто следниот ден веќе се ожени.
Направивме забава, одлично си поминавме и тоа на некој начин беше неговата ергенска забава на Војин“, рекла таа.
Брзо потоа добиле можност да соработуваат на филмот „Зона Замфирова“.
За тоа време, во едно интервју Војин рекол:
„Таа беше студентка, а јас никогаш не ги гледав студентките на тој начин, повеќето од нив беа дечишта.
Но, поминаа неколку дена од снимањето, кога ме викна снимателот за да видам нешто. Дотогаш ја гледав како актерка, но гледајќи ги снимките, првпат си помислив колку е убава, ја забележав.
За неа, пак, не можам да кажам дека беше воодушевена кога ме виде првпат, но се смешкаше“.