Детали за новата девојка на Бака Прасе - атрактивната Милена од Нови Сад е позгодна и од Ања Бла
- Детали
- сабота, 30 август 2025
Студира медицина, но се преставува како инфлуенсерка и има 117.000 следбеници, вљубена е во фитнесот, има ставено импланти во градите и постојано позира во заводливи изданија, како со Бака Прасе, така и сама.

Јутјубер Богдан Илиќ, познат како Бака Прасе, веќе со месеци е во врска со нова девојка, по четиригодишната бурна врска со инфлуенсерката Ања Бла.

Тој сега е во врска со инфлуенсерка од Нови Сад – Милена Стаменковиќ, позната на Инстаграм како LeMilenas.
Парот периодов ужива заедно на одмор.
Бака Прасе и Милена беа поврзувани во 2022 година, кога јутјуберот и Ања беа на подолга пауза за време на нивната романса.
Сепак, како што во една пригода изјави самиот Богдан, нивната врска тогаш не прераснала во нешто повеќе, а сега тој направил сè што може за да ја освои Милена.


Првата снимка од нив беше кога Богдан ја однел Милена на концерт на Владо Георгиев, а кога снимката почна да се споделува по Инстаграм, Бака Прасе коментираше:
„Значи риба тип топ… Нема позгодна девојка. Не можете да ми најдете позгодна девојка од неа, но таа баш држи до себе, во фазон е ‘Или јас и ништо друго’, а дали сум јас подготвен за ништо друго…“

Но, со оглед на тоа дека парот е уште заедно, а тој постојано објавува фотки со неа, иако ѝ го крие ликот, очигледно Бака Прасе избрал да биде со неа само.
