Босанска инфлуенсерка изведе танц на јарбол со турското знаме - може да добие 5 години затвор
- Детали
- среда, 03 септември 2025
„Сите локалци кои беа на локацијата каде што се снимаше видеото беа воодушевени“, се брани Мерјем, но Турците не сопираат со критики за неа.

Мерјем Чулјевиќ, инфлуенсерка од Босна и Херцеговина, неодамна стана хит во светските медиуми, откако објави видео на кое танцува околу јарбол со турскoто знаме при нејзината посета на Турција.

Видеото што го објави на својот Инстаграм профил „Blittem“ брзо стана вирално.
Турците се навредија од нејзиниот потег, а во светските медиуми се пишува дека ѝ се заканува до пет години затвор поради танцувањето на шипка на која стои знамето.

Иако не го допрела знамето, турските граѓани ја обвинуваат за навреда на националните вредности.

Дури и некои турски политички партии се огласија дека нема да биде толерирано никакво непочитување на вредностите на турската нација.

Мерјем изјави дека немала лоши намери, нагласувајќи дека на Турција гледа со почит.
Таа вели:
„Сите Турци кои беа на локацијата каде што се снимаше видеото беа воодушевени.
Ме снимаа, ми пристапуваа и ми кажуваа колку сум убава и како никогаш не виделе нешто слично. Не сакав да навредам некого и навистина ја сакам оваа земја“.


Таа вели дека за неа тоа било перформанс, а не навреда. Сепак, критиките не стивнуваат.
Кликнете за да го погледнете видеото ТУКА...
С. С. | Црнобело