Жељко и Јована Јоксимовиќ вљубени на настан - таа сексапилна, тој во специфичен аутфит, со седа коса (видео)
- Детали
- понеделник, 29 септември 2025
Жељко Јоксимовиќ никогаш повесел и поразигран, доминира покрај саканата Јована на роденденска прослава кај пријател.

Пејачот Жељко Јоксимовиќ со својата сакана Јована се појави на раскошната прослава на естрадниот менаџер Банe Обрадовиќ по повод 18-тиот роденден на неговиот син, која беше организирана во еден луксузен белградски ресторан.
Јована Јоксимовиќ за оваа пригода избра жолта, кратка креација која го истакна нејзиниот потемнет тен.

Жељко, пак, избра специфична бела комбинација со беж јакна, а изгледот го надополни со впечатливи патики.

Прославата траела до доцна во ноќта, а Јована и Жељко, според снимките кои се појавија на социјалните мрежи, одлично се забавувале.

Парот танцува и пее и очигледно ужива во љубовта.

Кликнете на видеата:
С. С. | Црнобело
