Свадба на босански рапер со раскошна декорација и кул златен детаљ – Caffetin за гостите

Вонбрачната ќерка на Драган Којиќ Кеба присуствуваше и запеа на свадбата во Белград, на која имаше раскошна декорација, со многу свеќи, цвеќе и интересен детаљ на секоја чинија - Caffetin апче наместо чоколатце, во својата препознатлива златна амбалажа која одговара на украсувањето. 

svadba-na-srpski-raper-so-raskoshna-dekoracija-i-kul-zlaten-detalj-caffetin-za-gostite-01.jpg

Викендов раперот Стјепан Јелица, познат како Албино, се ожени за својата избраничка Исидора, на чија свадба присуствуваше и вонбрачната ќерка на Кеба, Ина, но и ќерката на Миле Китиќ, Елена.

Свадбената веселба се случила во белградски ресторан, кој бил раскошно украсен, а младенците биле дочекани со трубачи.

За забавата на гостите во ресторанот била задолжена Рада Манојловиќ, а Лилјана Јевременовиќ, бившата девојка на Драган Којиќ Кеба со кој ја има ќерката Ина, сподели снимка и од нејзината ќерка која запеала.

svadba-na-srpski-raper-so-raskoshna-dekoracija-i-kul-zlaten-detalj-caffetin-za-gostite.jpg

Таа е школска другарка со невестата, а за нејзината свадба ја отпеала песната на мајка ѝ, „Srpkinja je mene majka rodila“.

Погледнете го видеото:

Инаку, младенците за својата свадба одбрале раскошна декорација, со многу цвеќе, свеќи, огледало, кул телефон за оставање пораки, како и многу златни детали.

svadba-na-srpski-raper-so-raskoshna-dekoracija-i-kul-zlaten-detalj-caffetin-za-gostite-02.jpg

Помеѓу златните декорации, интересен детаљ е картичката оставена на секоја златна чинија, на која наместо бонбонче или чоколатце, има апче Caffetin во својата препознатлива златна амбалажа која се вклопува во декорот.

„Мамурлакот е минлив, а спомените се вечни. Мал подарок за добро утро! Исидора и Стјепан“ - пишува на картичката. 

svadba-na-srpski-raper-so-raskoshna-dekoracija-i-kul-zlaten-detalj-caffetin-za-gostite-04.jpg

Би можело да ве интересира:

„Ќерка ми ми е најлош клиент, a не ни плаќа“ – Србинка направи „откачено“ генијална торта, на крај д... Србинка објави видео од процесот на изработка на генијална торта за својата ќерк...
Наводно има долгови, живее нов живот во Дубаи – Што прави бившиот на Марија Микиќ, по разводот и сол... Точно пред да објават за разводот, тој сподели снимка на која танцува со ќерка м...
Нема да има свадба, Мелина измислила дека се мажи – бившата на Харис Џиновиќ сакала да го изнервира „Нема ништо од свадбата. Никаква венчавка нема да има. Јасно е дека не останаа в...
Се разведе од познат актер, тврди дека ѝ се додворуваат политичари - Што знаеме за водителката Бојан... „После разводот не бев толку позната, па полесно им беше да флертуваат. Ми носеа...
Основачот на EXIT емотивен за годишнината од смртта на сопругата, со која доби 3 деца: „Постојано е ... „Кога ме прашуваат како сум, кажувам дека со три мали деца, немам друга опција о...
Ќерката на Гоца Тржан порасна – позира разголена со новиот дечко фудбалер, тој ја бакнува кај мајка ... Гоца Тржан откри дека ја носела ќерката со себе на свои настапи уште кога била б...

Најчитани неделава