Босанка споделува: „Опинци за 150 евра се хит тренд во Шведска“
- Детали
- среда, 08 октомври 2025
„Бевме модерни, а не бевме ни свесни“, „Сè сме правеле први“ шеговито коментираат Балканците на виралното видео од Шведска. Зошто Швеѓаните носат чевли, кои личат на опинци? Која им е намената?

Тиктокерка од Босна и Херцеговина која живее во Шведска споделува искуства од животот таму на профилот @gabbzziii.
Неодамна објави видео од чевли што ги видела во една продавница за обувки во Шведска и кое стана вирален хит и предизвика низа реакции кај следбениците од Балканот.

Таа ги снимила чевлите што ги забележала на полиците, а кои потсетуваат на традиционални опинци, а цената им била 150 евра.
„Опинци за 150 евра, последна мода во Шведска.
Додека ние на Балканот се срамиме од селските опинци, во Шведска тие се најнов моден тренд, 150 евра, а ги има дури и во портокалова боја“, вели таа.

Иако чевлите навистина потсетуваат на гумени опинци, всушност се работи за машки гумени практични чевли од норвешкиот бренд Swims, кој е специјализиран за модерна и функционална облека и обувки.


Овој вид обувки всушност служи како водоотпорна заштита што се навлекува врз класични машки чевли, за да ги заштити од дожд и нечистотија.
Достапни се во повеќе бои.


На виралното видео дел од коментарите се:
„Бевме модерни, а не бевме ни свесни“,
„Сè сме правеле први“,
„Balenciaga ќе извади гумен опинок и ќе чини 3.000 евра“...
Погледнете го видеото:
@gabbzzii Opanak 150e, poslednja moda #dijaspora #balkan #balkanstyle #balkantiktok #opanak #srbija #bosna #svedka nu
♬ originalljud - Gabbzzii
С. С. | Црнобело
