Се огласи сопругата на Дарко Лазиќ, првпат по сообраќајката - се појави со конци на челото, слави прв роденден на ќерката
- Детали
- понеделник, 06 октомври 2025
„Иако многу луѓе ме прашаа дали ќе го скријам белегот на фотографиите, ни сега не користам Фотошоп“, вели Катарина Лазиќ по сообраќајката со Дарко и додека тој е на настап, таа објави фотографии со последиците од незгодата.

Пејачот Дарко Лазиќ и неговата сопруга Катарина Лазиќ на 25-ти септември имаа тешка сообраќајна несреќа во Белград.
Двајцата поминаа со полесни телесни повреди. Дарко веднаш се огласи за медиумите и беше активен на Инстаграм, но неговата сопруга со денови не се огласуваше на ниту еден начин.
Но, конечно се огласи на профилот на нејзиниот бренд, каде објави фотографии во сопртска опрема, но со лузни од шиење и конци на челото.

Таа напиша:
„Силата е во она што го преживеавме! По сѐ што поминавме, секој чекор кон закрепнувањето е потсетник на нашата сила.
Секој предизвик само ја обликува нашата волја и храброст. Ви благодарам што сте со мене“.


Потоа напиша:
„Моќта на жената без филтри...
Иако многу луѓе ме прашаа дали ќе го скријам белегот на фотографиите, ни сега не користам Фотошоп.
Целта не е да бидеш совршена - убавината е во тоа да стремиш кон најдобрата верзија на себе и да се сакаш себеси токму таква каква што си.
Силата е кога се сакаш себеси и со лузни на себе.
Не е лесно, но мора!“
Инаку, Дарко Лазиќ, исто така, со лузна на главата по сообраќајката им се врати на патувањата и настапите, но и тој ги сподели и роденденските видеа на ќерката Срна, а и промотивните видеа од брендот на сопругата Катарина.

