Гоца Тржан призна дека му простила неверство на сопругот: „Луѓе сме, имам разбирање, но не можам да заборавам“
- Детали
- петок, 10 октомври 2025
Името на Теодора, љубовницата на Раша се спомнуваше во медиумите и пред неколку години, кога беше уапсена во Виена и осудена на казна од 4 години, поради дистрибуција на недозволени супстанции.

Гоца Тржан и нејзиниот сопруг Радомир Новаковиќ - Раша, на 20 септември прославија една деценија во брак.
На денот на 10-годишнината, Гоца на Инстаграм објави неколку заеднички фотографии, со порака дека многумина не верувале дека тие како пар ќе издржат толку долго, но дека докажале дека се силни и дека помеѓу нив постои љубов и почитување и после толку долго време.
Сепак, нивната љубов не била без предизвици и падови, а една од тие неубави епизоди е и неверството на Раша.
Во едно интервју Гоца признала дека своевремено му простила неверство на сопругот, а жената со којашто ја изневерил е Теодора Радоичиќ, учесничка во реално шоу.
Неверствто се случило една година по свадбата, кога папараци ги фотографирале Раша и Теодора во белградски хотел.
И покрај доказите и пишувањата за изневерувањето, пејачката решила да му прости и да го продолжат заедничкиот живот.

„Секогаш би простила, затоа што сме живи луѓе.
Верувам дека искушенијата нè прават посилни, а ако некој им подлегне, имам разбирање за тоа, но не можам баш да заборавам“, рекла Тржан.

Поранешната љубовница на Раша, пак, е позната како Теодора Балзак.
Брзо откако „ја фатија“ со сопругот на пејачката, доби понуда за учество во реалното шоу „Задруга“.
Нејзиното име се спомнуваше во медиумите и пред неколку години кога беше уапсена во Виена и осудена на казна од 4 години, поради дистрибуција на недозволени супстанции.
Повеќе фотографии од Теодора:
А. Ј. | Црнобело