Бурниот љубовен живот на Наташа Беквалац – беше во брак трипати, со првиот се изневерија, последниот ја претепа
Тоа лето по разводот, пејачката често се дружела со албанскиот бизнисмен Ќазим Османи, беа фотографирани на неговата јахта, но таа тврдеше дека се само пријатели.
Се ширеа гласини дека влегла во врска и со Саша Ковачевиќ, што двајцата го демантираа.
Подоцна сестра ѝ ја запозна со Владимир Вуксановиќ, манекен кој победи на Survivor во кого новосадската барбика се вљуби, а по неколку раскинувања и смирувања, ставија крај на врската кога таа му го вратила вереничкиот прстен.
Четири години по крајот на првиот брак, Беквалац повторно ја пронајде среќата покрај Љубо Јовановиќ, а се венчаа на интимна церемонија.
Нивниот брак траеше до 2017-та, се разделија пријателски, а Наташа сега признава дека најмногу ѝ е жал што толку многу го повредила вториот сопруг.
Истата година, пејачката започна нова љубовна приказна со човекот заради кого го остави Љубо.
Станува збор за Лука Лазукиќ, со кого работите се одвивале брзо и по неколку месеци останала бремена, па и него му го кажала судбоносното ДА на интимна церемонија на Ибица.
Потоа таа со него се пресели во предградието на Нови Сад и се повлече од јавност, а додека многумина мислеа дека ужива во семејниот живот, таа минувала низ пекол.
Во 2018-та, тазе породената пејачка го пријави сопругот за семејно насилство и објави фотографии со модрици кои наводно ѝ ги направил тој.
Подоцна јавно зборуваше дека тогаш се чувствувала безвредно и ужасно, рече дека со години нема контакт со него, а кажа и дека веќе не планира да стапува во брак.
Оттогаш таа живее сама заедно со двете ќерки.
М. М. | Црнобело
