Братот на Жељко Јоксимовиќ: „Бев алкохоличар, не бев добар татко“
- Детали
- недела, 19 октомври 2025
„Тато, дали и ти ќе умреш како што почина таткото на Роналдо од алкохол?“, било прашањето од синот што го освестило Саша Јоксимовиќ дека станал алкохоличар и дека време било да престане со овој порок.

Братот на Жељко Јоксимовиќ, актерот Саша Јоксимовиќ, искрено проговори за еден од најтешките периоди во неговиот живот, кога се соочил со зависност од алкохол, што влијаело негативно врз неговиот брак, семејните односи, но и професионалниот живот.
Како што самиот призна, никогаш претходно немал навика да пие, но во одреден период од животот почнал секојдневно да консумира алкохол.

Тој период го опишува како целосно оддалечување од реалниот живот, кога ги запоставил обврските, бил отсутен од семејниот живот и изгубил контрола над себе.
Саша Јоксимовиќ отворено призна дека алкохолот го оддалечил од сопругата Невена, со која е во брак повеќе од две децении.

Тој во една пригода за српските медиуми изјави:
„Морам да признаам дека таа ситуација нè оддалечи малку.
Никогаш не сум пиел во животот, почнав да пијам таа година, пиев секој ден и западнав во алкохолизам.
Пиев година и нешто и тогаш сфатив дека не сум добар ниту сопруг, ниту татко, ниту родител, ниту возач, ниту поддршка и тогаш сфатив дека морам да престанам“.
Во тој период најмногу го погодила забелешката од неговиот син:
„Тато, дали и ти ќе умреш како што почина таткото на Роналдо од алкохол? - ми кажа син ми.“

Саша тогаш се освестил и побарал стручна помош.
Си признал дека е алкохоличар и во рок од два месеци се откажал од оваа зависност и оттогаш вели дека не ставил капка алкохол во уста.

Инаку, актерот за медиумите сподели и дека најтажен момент во животот му бил кога неговата сопруга го изгубила бебето во 2019 година на денот на нивната куќна слава.
„Таа ми се јави и ми рече дека е готово. Сè оставив и тргнав дома, веднаш отидовме во болница. Тој момент ми беше најтежок во животот.
Седев во болничката соба, таа заминуваше и се сеќавам само како ме погледна. Останав сам, по некое време таа се врати. Не зборувавме многу за тоа, повеќе и не ја славиме славата“.
Саша и Жељко Јоксимовиќ:



С. С. | Црнобело