Милош Биковиќ на Малдиви со сопругата и синот: „Стануваме во 5, фрламе камчиња во базен, така некако изгледа одморот“
- Детали
- вторник, 21 октомври 2025
„Необјаснива желба да се фрлаат камчиња во базен (на Василије, не моја), станување во 5 и манго како откритие. Така некако...“ - по луксузното летување во Бодрум, Милош Биковиќ со семејството е на Малдиви, а на шеговит начин го опиша одморот со синот на рајска дестинација.

Милош Биковиќ деновиве ужива на рајска дестинација заедно со сопругата и детето.
По луксузниот одмор во Бодрум, сега тие октомври го искористија за уживање на Малдиви.
Српскиот актер објави повеќе фотографии на Инстаграм на кои позира под палми, но и со убавата сопруга во прегратка.
На фотките се забележуваат и малечките стапки на синот Василије во песокот, но и неговите забавни игри.

Во описот на објавата Биковиќ накратко го опиша одморот на шеговит начин:
„Прстите во песок и бескрајна потрага по дупчиња во песокот каде што се скриле некои ракчиња...
Необјаснива желба да се фрлаат камчиња во базен (на Василије, не моја), станување во 5 и манго како откритие. Така некако“.

Сопругата на Милош пак, Ивана, објави фотки од плажа додека чита книга, но и од малите стапалца на синчето, како и од сопругот.
Погледнете повеќе фотки од нивниот одмор на Малдиви:










M. M. | Црнобело