Како изгледала бившата на Бака Прасе пред да стане позната и да живее луксузно во Дубаи? (фото)
- Детали
- недела, 26 октомври 2025
Откако раскинаа драматично, Бака Прасе ја обвини дека земала стероиди за да направи совршено тело и да продава фитнес програми, таа сега е опседната со нејзините облини и задник, а пред да го запознае и да почне да вежба, била само обична девојка. Колку се промени Ања Бла низ годините?

Српскиот јутјубер Бака Прасе и босанската инфлуенсерка Ања Бла веќе подолг период не се заедно, а нивната разделба беше бурна.
Тие меѓусебно се обвинуваа на социјалните мрежи и откриваа интимни работи од нивната врска, со што постојано беа во центарот на вниманието.
Прочитајте повеќе: Ања Бла го демне Бака Прасе со новата девојка, тој ѝ се заканува дека ќе објави снимки од неа – Нова драма помеѓу јутјуберот и бившата
Богдан во една прилика се осврна и на нејзиното тело и ја обвини дека земала стероиди за да биде згодна како што изгледа.

„Луѓето не веруваат дека Ања земаше стероиди, се клукаше со сешто. Зошто? Затоа што сакаше да се изгради за да може да продава програми. Јас ѝ кажав дека изгледа добро, аме не ме слушаше.
Споредете ги фотографиите од тогаш кога се сликаше за програмата и сега, како магично изгуби 10 килограми мускулна маса, па почна со диета.
Ништо не лажам, заслужува да го објавам ова за да ме остави мене и мојата драга личност на мир“ – изјави тој во видео пред неколку месеци.
@kiblatim Anja Steroidi Skandal: Razotkrivanje Istine o#bakaprase #anjabla
-->♬ Amsterdam - Devito
Ања моментално важи за една од најзгодните фитнес инфлуенсерки од регионот, а постојано сака да се фали со своите облини, посебно со задникот.
Откако мина низ стресен период и закани од бившиот дечко, се пресели во Дубаи, каде живее живот на висока нога и работи како фитнес тренер.
Прочитајте и Детали за новата девојка на Бака Прасе - атрактивната Милена од Нови Сад е позгодна и од Ања Бла

Но, во минатото, пред да биде со Бака Прасе и пред да почне активно да се занимава со вежбање, таа изгледала сосема обично, а фотографиите ги сподели сама на Инстаграм Стори.

Нејзиното тело иако изгледало добро, сепак не било така обликувано и дефинирано со мускули, а ликот ѝ е прилично променет од старите фотки кои се споделуваат на социјалните мрежи.
Како изгледала Ања некогаш:



