„Имам лојален сопруг“ - Анастасија Ражнатовиќ се пофали со подарокот од Немања Гудељ, па испрати јавна осуда
- Детали
- сабота, 25 октомври 2025
„Имам лојален сопруг кој ме обожава, долгогодишни пријателства, излекувана сум без ничија помош. Сочувствувам со речиси секого и го романтизирам животот. Образована сум, подготвена да простувам, искрена сум и љубезна...“, Анастасија Ражнатовиќ сподели кои работи во врска со себе и својот живот ги обожава.

Анастасија Ражнатовиќ со сопругот Немања Гудељ живее во Шпанија, а дека ужива во хармоничниот брак доказ се и романтичните изненадувања кои Немања ѝ ги приредува.
Таа посочува дека убавината за неа не е во парите и луксузот, туку во малите секојдневи гестови и изјави на љубов кои тој ѝ ги приредува.

Таа го фотографираше дрвеното срце со честитка од Немања.
На нив пишува:
„Ти си најдобрата жена. Те сакам.
Не ме интересира дали ќе поминат часови, денови или години – единственото нешто што го сакам во моето срце е да го поминам целото тоа време покрај тебе“.
Анастасија на ова кратко прокоментира:
„Детали“.

Инаку, неодамна Анастасија Гудељ на социјалните мрежи сподели цитат во кој се укажува на феноменот како општеството знае да претвори туѓа грешка или слабост во спектакл.
Таа иако директно не нагласува за кого се однесува, ова се случува токму среде скандалот со Вујадин Савиќ.
Цитатот гласи:
„Туѓиот пад стана јавна забава. Моралот се претвора во оружје, а недостатокот на морал, за кој сите сме свесни, се покажува преку изживување во кое страдаат и недолжни.
Сите сакаат јавно да судат, да навредуваат и да се насладуваат. Тоа повеќе не е реакција - тоа е глад за понижување. Во такво општество одговорноста исчезнува, а сензационализмот расте.
Човечноста станува селективна, а комплексот на бог се појавува сè почесто. Тој што најгласно им суди на другите, најтивко ги признава сопствените грешки“.
