Еден израсна во згоден фраер, друг призна дека е геј - Каде се денес популарните момчиња од „Пинкови ѕвездички“?
- Детали
- сабота, 20 јуни 2026
Иако нашите Антониа Гиговска и Мартија Станојковиќ стекнаа регионална популарност со шоуто, сепак, неколку момчиња кои пееја во „Пинкови ѕвездички“ беа омилени на публиката, а денес важат за вистински фраери. Се сеќавате ли на нив?

„Пинкови ѕвездички“ беше едно од омилените музички натпреварувања пред десетина година, а шоуто им ја лансираше кариерата на многу момчиња и девојчиња, меѓу кои и на нашите Антониа Гиговска и Мартија Станојковиќ.
Но, во тоа време, меѓу милениците на публиката беа 5 момчиња, кои денес веќе не се деца.
Се сеќавате ли на Павле Васиљевиќ, Марко Бошњак, Љуба Станковиќ, Сергеј Пајиќ и Давид Радосављевиќ?
Каде се и што прават денес, прочитајте во продолжение:
Павле Васиљевиќ
Павле имаше 6 години кога првпат застана на сцената на „Пинкови ѕвездички“ и самоуверено ја отпеа песната Ima jedan svijet, со штого остави без зборови жирито, но и публиката.
Многумина не знаат дека тој се појави во шоуто зашто неговата баба Рада го пријавила за учество.
Освен по настапите, публиката се сеќава и на неговите стајлинзи, зашто секогаш носеше машна-пеперутка.
Денес има 17 години и учи на насоката за пијано во средно музичко училиште во Крагуевац.
Во 2024 година, победи на музичкиот натпревар IDJ Show, а негов ментор беше Дарко Димитров, со кого соработува и денес на нови песни.

Прочитајте и Павле Васиљевиќ од „Пинкови ѕвездички“ порасна - Се сеќавате ли на слаткото момче што го шармираше регионот?
Марко Бошњак
Марко Бошњак (21) ја расплака публиката кога се појави во шоуто во 2016 година и го испеа евергринот Što te nema.
Цела таа сезона Марко беше фаворит и на крајот победи убедливо.
Роден е на 11 јануари 2004 година во хрватско семејство во Мостар.
Замина на студии во Берлин, но нагло ги прекина и се врати во Загреб.
По враќањето, работеше како асистент во ресторан за брза храна во Загреб, а понекогаш таму миеше и садови.
На почетокот на годинава победи на фестивалот Дора со песната Poison Cake и ја претставуваше Хрватска на Евровизија 2025.
Пред настапот на Евросонг призна дека е геј, а неодамна објави и фотка со својот партнер и откри дека живеат заедно во Загреб.
