Се запознале на Инстаграм, нејзиното дете го вика „папа“ – Љубовната приказна на Саша Ковачевиќ и Зорана
- Детали
- четврток, 30 октомври 2025
Си лајкувале фотки па почнале да се допишуваат, тој секогаш ја возвишува и кажува дека му е сродна душа, нејзината ќерка од првиот брак ја гледа како своја но сака да има и свое биолошко дете, а ја запроси со прстен кој наводно чини 10.000 евра - што знаеме за љубовта на Саша Ковачевиќ и Зорана, која трае речиси една деценија?

Саша Ковачевиќ ја изненади јавноста кога пред неколку дена ја запроси својата избраничка Зорана Тасовац.
Тие се заедно од 2017-та година, а пејачот долго време го избегнуваше прашањето за брак.
Приватниот живот тој навистина го чува во тајност и колку што е можно подалеку од јавноста.
Ретко знае да објави фотки од одморите со неговата сакана, на свечени настани секогаш се заедно и фотографите објавуваат нивни фотки, но често знае јавно да ја сподели љубовта кон нејзината ќерка од првиот брак.
За нивната љубовна врска, иако трае речиси деценија, не се знае многу во јавноста, освен она што тој одлучил скромно да го сподели во српските медиуми.
Што знаеме за љубовта на Саша и Зорана?
Се запознале преку Инстаграм
„Нема да ви се верува, ама Зорана ја запознав преку Инстаграм, нешто си се лајкувавме и се впуштивме во конверзација, па потоа се видовме“.
Зорана му е голема поддршка и ја разбира природата на неговата работа
„Таа ја разбира мојата работа и тоа е нормално. Она што нè одржува е дефинитивно љубовта на прво место, како и сето останато што оди со тоа, што е важно за да успее една врска. Што се однесува до мене, оваа врска најмногу ми годи од секој сегмент и не би ја менувал за ништо“.
Тие долги години живеат заедно и функционираат како да се во брак, а тој велеше дека не му се важни документите, туку љубовта
Зорана има ќерка од претходниот брак со Богдан Срејовиќ, која Саша ја гледа како свое дете и се многу блиски како семејство
„Искра е моја ќерка, така ја доживувам од првиот момент. Не сум ѝ биолошки татко, но ја нарекувам свое дете. И утре, кога ќе имам биолошко, Искра ќе ми биде прво дете. Може да ме вика како ќе посака, но таа избра да бидам нејзин ‘папа’“ – изјави тој во една прилика.