Првата сопруга го обвини за насилство, со втората се женеше двапати, а ја изневери - Скандалите на фудбалерот Алберт Наѓ
- Детали
- недела, 02 ноември 2025
Неговата прва сопруга, своевремено го обвини за физичко насилство и обид за силување пред децата - поради ова, поранешниот ас на Партизан беше приведен и испрашуван од полицијата.

Поранешниот фудбалски репрезентативец на Србија, Алберт Наѓ, зад себе има два попаднати брака, проследени со многу скандали.
Со првата сопруга Јелена има 3 деца, два сина и една ќерка. Таа по разводот го обвини за семејно насилство и за неплаќање алиментација.
Со втората сопруга Мирна се ожени двапати, но и двата пати завршија со развод. Со неа има ќерка.

Што знаеме за скандалозниот живот на некогашниот фудбалер?
Неговата прва сопруга, Јелена своевремено го обвини за физичко насилство и обид за силување пред децата.
Поради ова, поранешниот ас на Партизан беше приведен и испрашуван од полицијата.
Ова беше почеток на долга бракоразводна постапка, исполнета со меѓусебни обвинувања и тужби, и јавни навреди.
Јелена го тужеше Алберт и за тоа дека не ѝ исплаќал пари на алиментација и издршка на децата, но Третиот основен суд во Белград го ослободи поранешниот спортист.
Процесот траеше цели две години, а конечната одлука на судот беше дека поранешниот фудбалер не мора да ѝ ги исплати на поранешната сопруга заостанатите долгови во износ од 34.000 евра.

По крахот на бракот со Јелена, Наѓ најде среќа покрај Мирна.
Запрашана за нивната љубов, таа своевремено изјави:
„Се заљубив толку многу во него, што прва го бакнав и го запросив! Го паметам тоа како најубав период, полн со искрени емоции“.
Тие беа во брак 10 години, но со прекини. Се разведоа во 2017 година, но набргу потоа се смирија и се венчаа вторпат.

Првиот развод се должеше на скандалот кој го предизвика фудбалерот, а кого сопругата го фати со манекенка.
Ова се случи на модна ревија на Мирна, која е моден дизајнер и која креира долна облека и фустани.
Алберт се појавил на модната ревија на неговата сопруга, а таа го фатила како ѝ го откопчува и трга градникот на една од манекенките и го обвини за неверство.
Медиумите пишуваа дека се расправале силно и дека по ова, Мирна го напуштила.
Но, по некое време решија да си дадат нова шанса.
„Поминавме низ пекол, но сега сме посилни од кога било.
Свесна сум дека моето име оди со името на мојот сопруг, но сакам да кажам дека наскоро ќе го препознавате фудбалерот Алберт Наѓ по неговата успешна сопруга Мирна Наѓ, а сè што било од порано ќе падне “, изјави дизајнерката брзо по смирувањето.

Десет месеци по распадот на првиот брак, тие организираа втора венчавка и свадба.
Но, шпекулациите дека нешто не е во ред со нивниот брак започнаа брзо потоа.
Иако во јавноста се дозна дека се разведуваат, овој пат тие не сакаа да коментираат за нивната разделба за медиумите.
Сепак, Мирна знае да каже дека Алберт е прекрасен татко на нивната ќерка.
А. Ј. | Црнобело