Прво раскинаа, па пред матичар си рекоа „не“ - Што знаеме за 15 години помладата партнерка на Владо Георгиев?
- Детали
- недела, 30 ноември 2025
Владо и Милица ги изненадија пријателите кога организираа лажна свадба на забавата за 40-тиот роденден на пејачот. Повикаа матичар, таа носеше бело, и кога матичарот праша дали сакаат да стапат во брак, едногласно рекоа „не“ - Која е жената што му го украде срцето на популарниот пејач?

Владо Георгиев долги години е еден од омилените пејачи во регионот.
Освен со својата музика, привлекува внимание и со изгледот, со неколкуте скандали, а за публиката е посебно интригантен неговиот љубовен живот.

Повеќе од една деценија Владо е во љубов со Милица Самарџија, жената која успеа „да го смири“.
Пред неа Георгиев важеше за голем заводник и закоравен ерген.

Но, со Милица ја пронајде среќата, а имаат и две ќерки, Софија и Елена.

Што знаеме за партнерката на пејачот?
Милица е 15 години помлада од него.

Се запознале на снимањето на видеото за песната на Владо „Искрено“ и наводно, уште во првиот момент почнале да „летаат искри меѓу нив“.

Иако ја криеше од јавноста, првпат беа заедно фотографирани во 2014-та година, во неговиот роден град Херцег Нови.
