Ќерките на Карлеуша во емисија за првпат проговорија за односот со татко им, но и Јелена го прокоментира Душко
- Детали
- среда, 17 декември 2025
Јелена во студиото по повод гостувањето во „Амиџи шоу“ пристигна во впечатлив бел фустан со отсечоци, а нејзините наследнички покрај за татко им Душко Тошиќ, проговорија и за бизнисот кој го лансираат. Ника, пак, се пожали дека има проблем со линијата бидејќи многу сака да јаде.

Јелена Карлеуша гостуваше во емисијата „Амиџи шоу“ заедно со нејзините ќерки Атина и Ника Тошиќ.
Таа со нив за првпат се појави пред телевизиските камери.


Јелена во студиото пристигна во впечатлив бел фустан со отсечоци, а нејзините наследнички за првпат проговорија за односот со татко им Душко Тошиќ.

Атина и Ника за нивниот татко велат:
„Во добри односи сме. Поздрав за тато кој го гледа ова“.

На што Карлеуша додаде:
„Не се во добри, туку во најубави односи, они буквално секој ден минуваат време со татко им.
Душко е навистина добар татко. Оди секој ден по нив во училиште, ги вози. Кога станува збор за нашите деца тука сме родители какви што треба да бидеме“.

Атина и Ника ја надополнија:
„Имаме најдобри родители на светот, ги сакаме многу и иако не живееме со него, ние постојано се гледаме со него, исто како да живееме заедно“.
