Незгода среде магична сцена во Солун: Небесен фенер со огинче слета на новогодишната елка (видео)

„Сè изгледаше совршено до еден миг...“, видео од профилот на Nikana.gr прикажува магичен миг oд Солун кој заврши со ризик за сите присутни.

nezgoda-srede-magichna-scena-vo-solun-nebesen-fener-so-oginche-sleta-na-novogodishnata-elka-video-01.jpg

Традиционално во Грција на 24 декември се пуштаат небесни фенери како празничен обичај за католичкиот Бадник и Божиќ.

Ова се прави симболично со желби за надеж и нов почеток, а понекогаш се прави и во спомен на некого што сме го изгубиле, па фенерот како молитва оди кон небото.

nezgoda-srede-magichna-scena-vo-solun-nebesen-fener-so-oginche-sleta-na-novogodishnata-elka-video-02.jpg

Инаку, фенерот има мало пламенче внатре кое го загрева воздухот, па затоа лета нагоре, но дали е безбедно?

nezgoda-srede-magichna-scena-vo-solun-nebesen-fener-so-oginche-sleta-na-novogodishnata-elka-video-03.jpg

Не баш, а тоа го покажува и ситуацијата од Солун, каде ваков небесен фенер слета на новогодишната елка.

Затоа овие фенери понекогаш се забранети во одредени општини поради ризик од пожари и најчесто се пуштаат покрај море или на организирани настани.

nezgoda-srede-magichna-scena-vo-solun-nebesen-fener-so-oginche-sleta-na-novogodishnata-elka-video-04.jpg

Засега, во грчките медиуми нема информации дали настанала поголема штета со елката, па се надеваме дека ситуацијата добро завршила.

Погледнете го видеото од Инстаграм профилот на Nikana.gr (кликнете на него):

Прочитајте и За многу години“: Светна елката на плоштадот во Солун – има 10.000 светилки, илјадници луѓе се забавуваа (видео)

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Се разведе од познат актер, тврди дека ѝ се додворуваат политичари - Што знаеме за водителката Бојан... „После разводот не бев толку позната, па полесно им беше да флертуваат. Ми носеа...
Српска водителка со исповед: „Пред 12 години, на Бадник, лежев во болница и се молев на Бога за опер... Снежана Дакиќ имала комплексна интервенција на мозочните крвни садови во Германи...
Северина слави Бадник со „грда“ елка и кристални чаши: „Каде е мама, таму е домот“ „Кај што е мама, таму е домот. Еден посебен Бадник за нас“ - напиша Северина. ...
Ана Севиќ се омажи за милионер, има возен парк од 400.000 евра, а сегашниот и бившиот скандалозен со... По турбулентниот брак со пејачот Дарко Лазиќ, Ана Севиќ пронајде среќа и мир пок...
Празнична магија во домот на Лидија Вукичевиќ - природна елка со воз на шини, камин и безброј украси... „Бајката ја направив сама, а магијата ја делам со вас“, напиша таа на Инстаграм ...
„Душата на место“ - Анѓелка Прпиќ, која тајно се омажи за најдобриот другар на нејзиниот бивши, на с... Меѓу фотографиите на Инстаграм е и една на која Анѓелка се бакнува со сопругот М...

Најчитани неделава