Го поврзуваа со Тања Савиќ, живее во вила од неколку милиони евра - Кој е градоначалникот на Бања Лука?
- Детали
- сабота, 27 декември 2025
Го сметаат за еден од најпосакуваните ергени во регионот, а неговата одлука да се бори против неморалот и да го забрани настапот на скандалозниот Десингерица во неговиот град, го направи Драшко Станивуковиќ уште попопуларен. Што знаеме за еден од најзгодните градоначалници на Балканот?

Драшко Станивуковиќ (32), градоначалникот на Бања Лука, последниве денови е многу актуелен во медиумите.
Тој имаше средба со Наташа Беквалац на која ѝ рече дека има многу поголемо искуство од него пред матичар, а потоа им забрани на клубовите во неговиот град да го ангажираат за настап скандалозниот музичар Десингерица.
Поради оваа одлука, со која секој клуб што ќе договори негов настап ќе биде казнет со 50.000 евра, Станивуковиќ стана вистински херој во регионот.
Неговиот потег го поздравија многу родители, кои велат дека примерот на бањалучкиот градоначалник треба да го следат сите.
Што знаеме за градоначалникот на Бања Лука?
Драшко е роден на 21 мај 1993 во Бања Лука.
Завршил економски факултет во родниот град, а со политика се занимава од свои 18 години.
Тој стана најмладиот избран пратеник во собранието на Република Српска.
На изборите во 2018-та година имаше најголем број гласови од сите политичари што влегоа во собранието.
Две години подоцна, на свои 27 години, беше избран за градоначалник на Бања Лука, функција која ја врши успешно и денес.
Кон средината на август беше поздравен со „аплауз“ кога им забрани настап во градот на неколку музичари, вклучувајќи ги раперите Пљугица и Десингерица, поради промоција на погрешни вредности.
Својот потег го објасни со коментарот дека забранува примитивизам, а не уметност.
Тој и годинава им забрани на клубовите да го ангажираат Десингерица, велејќи дека тој шири неморал, вулгарности, примитивизам и насилнички се однесува врз деца.
Казната за негово ангажирање ќе биде 50.000 евра.