Го поврзуваа со Тања Савиќ, живее во вила од неколку милиони евра - Кој е градоначалникот на Бања Лука?

За љубовниот живот на Драшко не се знае многу, освен дека не е во брак, што го прави еден од најпосакуваните ергени во регионот.

Повремено објавува фотографии со девојки, но ниедна од нив не ја претставил како своја девојка.

Долго време се зборуваше дека е во врска со пејачката Тања Савиќ, а тие ни ги потврдија, ниту ги демантираа пишувањата.

Некои медиуми тврдеа и дека ќе се венчаат.

go-povrzuvaa-so-tanja-savikj-zhivee-vo-vila-od-nekolku-milioni-evra-koj-e-gradonachalnikot-na-banja-luka-03.jpg

Но, откако Тања објави дека е во љубов со помладиот пилот Мухамед Бешиќ, реши и да стави точка на гласините.

„Никогаш не бевме во врска. Тогаш мене ми одговараше тоа, не знам зошто. Сега не би ми одговарало да се пишува за нас... Немало ништо меѓу нас. Да можам да го вратам паметот од тоа време, би реагирала поинаку“, изјави Савиќ.

Драшко, живее во вистински дворец, односно голема луксузна вила која се проценува на неколку милиони евра.

Изградена во старински стил, вилата има впечатливи скали на влезот, многу златни детали, уметнички дела кои ги красат просториите.

Вилата е во сопственост на неговиот татко кој има приватен бизнис.

Драшко пред неколку години изјави дека секој што сака да направи фотосесија таму или да го искористи просторот за некое снимање, може да го направи тоа.

Неофицијално, таму се направени фотосесии за над 50 матури, 70 родендени и 30 свадби, а снимени се и 3 спота.

Еден од нив е и спот на Гога Секулиќ за песната „Дечко мој“, во 2017 година.

Драшко обожава сурфање, кајакарење, патувања, па често споделува фотографии од своите авантири на Инстаграм.

Прочитајте и Најзгодниот градоначалник ѝ вели на Наташа Беквалац дека е поискусна пред матичар: „Може да ве научам“ (видео)

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Маја Оџаклиевска за внукот со аутизам: „Лука (16) е сместен во дом со 300 лица со попреченост, цело ... „Не е оштетено само детето, туку целото семејство е оштетено. Замислете кога мој...
Му роди син на додека тој беше со Софи Мило, сега има уште две деца со друг маж – Што прави бившата ... Софија Мило беше обвинета дека му го растурила семејството на Лука кој на 22 год...
Koлку милиони има заработено Душко Тошиќ + Какви луксузни имоти поседуваат со Карлеуша? Душко Тошиќ во периодот од 2015 до 2020 година заработил неверојатни 18 милиони ...
Најзгодниот градоначалник ѝ вели на Наташа Беквалац дека е поискусна пред матичар: „Може да ве науча... Во манир на вистински кавалер, градоначалникот Драшко Станивуковиќ ѝ бакна рака ...
Софија Мило за првиот син на сопругот Лука Јовиќ: „Јас сум му маќеа – не му се дерам, тоа не е моја ... „Јас сум му како маќеа. Нас Давид многу ни е важен и важно ни е да е среќен кога...
На Мирослав Илиќ му се доволно 3.000€, Аца Лукас скромен со 1.200€ - Колку троши српската естрада ме... „Живеам сосема нормално, како повеќето луѓе. Имам трошоци, комуналии, храна и су...

Најчитани неделава