„Ме замоли да се фотографираме“ - Марија Шерифовиќ откри како била напaдната од обожавателка
- Детали
- петок, 26 декември 2025
„Ми пријде една личност додека вечерав со барање да се фотографираме, на што, секако, одговорив потврдно. Но, потоа кај таа личност предизвикав бес и настана турканица...“, вели Марија Шерифовиќ за немил настан со обожавателка од минатото.

Марија Шерифовиќ за српските медиуми откри дека пред неколку години била нападната од обожавателка во еден ресторан, додека била на одмор.
Вели дека инцидентот завршил со повреда на вратен пршлен.

Марија Шерифовиќ откри дека сакала да ѝ ја исполни желбата на својата обожавателка, па за време на одморот се фотографирала со неа во ресторан, по што дошло до инцидент.
Нејзината исповед:
„Ми пријде една личност додека вечерав со барање да се фотографираме, на што, секако, одговорив потврдно.
Потоа повторно ме замоли за фотографија бидејќи не ѝ се допаднала, па повторно прифатив.

Следното барање беше да се фотографирам и со нејзината сестра. Потоа отидовме во дискотека, која беше во рамките на истиот локал.
Но, таа повторно ми пријде и тогаш си помислив: „Што сакаш сега?“
Кај таа личност предизвикав бес и настана турканица.

Таа ја протна раката преку моите пријатели и обезбедувањето, па ме фати за врат.
Ме стегна силно, од што успеав да се извлечам, но слушнав силно „крц“. Потоа носев вратна крагна, бидејќи ми беше повреден пршлен“.
