„Ме замоли да се фотографираме“ - Марија Шерифовиќ откри како била напaдната од обожавателка
Инаку, Марија е активна на музички план, но периодов најголемо задоволство ѝ носат миговите минати со синот Марио, за кој во една пригода на Инстаграм напиша:
„Кога пред 20 години тргнав по овој пат на музиката, ме знаеја како ќерка на Верица Шерифовиќ.
Изгледа дека направив многу добри работи, па таа денес е горда мајка на Марија Шерифовиќ.

Кога размислувам за својот живот, за сè што поминав и за сè што ме чека, покрај сите професионални успеси, награди и аплаузи, за сè сум благодарна, сепак, ако можев да бирам, мојата душа би била најзадоволна ако останам запаметена како мајка на Марио Шерифовиќ.
Сонце мое, ти си мојата сила, мојот мал мотор кој ми даде сила за сите овие денови и мојот спокој кон кој секогаш се враќам“.

С. С. | Црнобело