„Скап накит и вакви нокти?“ - Јелена Ѓоковиќ ги подели мислењата со изгледот на рацете на настан со Новак во Дубаи
- Детали
- вторник, 30 декември 2025
„Јелена Ѓоковиќ можеше барем да ги налакира ноктите со овој прескап накит!“, „Дискретни нокти, не е таа ‘сељанка’ за да става акрилни ужаси“... Јелена Ѓоковиќ ги подели мислењата сликајќи си ја дланката со скап накит и природни нокти. Како ви се допаѓа вам?

Јелена Ѓоковиќ воодушеви со својата елеганција во Дубаи, каде што најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, ја доби наградата „Globe Soccer Award“ за придонесот што го дал за спортот.

Станува збор за специјална награда за спортист на годината, што беше прва таква награда што се додели на оваа церемонија. Ова признание оддава почит на неговите достигнувања и придонес во спортот.

Инаку, „Globe Soccer Award“ се престижни меѓународни спортски награди кои се доделуваат еднаш годишно, со фокус првенствено на фудбалот, но во последните години и на поширок придонес во спортот.
Најчесто се одржуваат во Дубаи, Обединети Арапски Емирати, а годинава меѓу наградените беше и Кристијано Роналдо, како најдобар фудбалер на Блискиот исток.
Тој, пак, му ја врачи наградата на Новак.

Јелена Ѓоковиќ на овој настан зрачеше со елеганција во едноставен црн фустан под колена, црни потпетици и нежна шминка.
Уште еднаш Јелена испрати јасна порака дека понекогаш помалку навистина значи повеќе, односно дека за неа минимализмот е на цена.

„Вечер за паметење. Толку сум горда на тебе“, му порача Јелена на Новак во објава на Инстаграм.
Но, на фотографиите ја имаше и нејзината рака сликана одблиску, па ноктите ги „поделија“ мислењата на нејзините следбеници, како и на твитерџиите.

Контрастот помеѓу скапиот накит и природните нокти, кои не беа налакирани, беа предмет на дебата.
И додека во ова време на пластика и претерана шминка, Јелена се бори за природност, некои не беа задоволни од нејзиниот избор.

Дел од коментарите гласат:
„Јелена Ѓоковиќ можеше барем да ги налакира ноктите со овој прескап накит!“
„Да стави вештачки, па да глуми елита? Погледни ги ноктите на Кејт Мидлтон, па можеби ќе научиш нешто“.