Жељко и Јована Јоксимовиќ за децата на кои им ги кријат лицата: „Коста прашува зошто лицето му е заматено, сакаат музика“

Тие проговорија и за тоа како децата се справуваат со нивната слава:

„Мина растеше со тоа и има трпение за тоа. Малите деца растат, па и тие читаат...

Размислувам како да му објаснам на Коста: „Полека, сине, никој не те напаѓа тебе...“. Мене не ми пречат тие работи што за нас се пишуваат, но на Јована ѝ пречат“.

Инаку нивниот став е да не ги прикажуваат децата во медиумите, особено Коста кој веќе е тинејџер.

Јована откри дека тој прашува зошто е заматен насекаде, но му објасниле: „Нема потреба да си во медиумите додека не наполниш 18 години“.

За тоа дали децата го наследиле талентот за музика, Жељко вели:

„Иако сите одат во музичко училиште, Срна има амбиции да биде јавна личност како Мина… Ања и Коста, пак, се посрамежливи.

Ако некој е роден за ваква јавна професија, нека го стори тоа слободно.

Мене никој не ми ја избираше професијата, па нема ни јас на моите деца. Ќе ги поддржам ако се среќни.

Апсолутно мислам дека треба да бидат тоа што сакаат“.

Пејачот се осврна на својата постара ќерка Мина, која ја доби во првиот брак, и откри дека нејзината голема љубов е музиката и дека има негова поддршка.

„Секој ден е во студио и тоа често сакам да го слушнам – ова е готово, ова уште не е. Има страв од јавни настапи на српски јазик, на странски добива добри критики.

На добар пат е да направи нешто добро“.

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Јована Јеремиќ: „Многу жени свеќи треба да ми палат - им ги праќав мажите назад дома“ „Тој маж да знаел да ја усреќи својата жена, немаше да дојде кај тебе. Јас ги вр...
Се сврте кон верата, чудни напливи на емоции – Што прави бившиот сопруг на Марија Микиќ откако се вр... Ги носи децата во црква, околу вратот носи крст, почна да работи како менаџер на...
Ѕирнете во домот на Дарко Лазиќ – портрет со сопругата, клавир, зелена оаза за смирување (фото) Среде дневна има голем портрет од Дарко и сопругата Катарина, преовладуваат дрво...
Основачот на EXIT емотивен за годишнината од смртта на сопругата, со која доби 3 деца: „Постојано е ... „Кога ме прашуваат како сум, кажувам дека со три мали деца, немам друга опција о...
Љубовната приказна на Жељко и Јована Јоксимовиќ - Знаел дека е вистинската кога видел свое ЦД во неј... „Кога се запознавме, ме возеше со автомобилот и се сеќавам од љубопитност ја отв...
Прва објава на сопругот на Марија Микиќ по разводот: „За некого си целиот свет и тој некој те вика Т... „Некогаш, ќерко, ќе бидеш тажна, а никој нема ни да праша зошто. Верувај ми, ќе ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg