Жељко и Јована Јоксимовиќ за децата на кои им ги кријат лицата: „Коста прашува зошто лицето му е заматено, сакаат музика“
- Детали
- понеделник, 12 јануари 2026
„Се трудиме негативните работи да не нѐ допираат. Инаку, кога си нападнат, се повлекуваш. Ние имаме свој микросвет во кој живееме и ни е супер“, велат Жељко и Јована Јоксимовиќ за својот приватен живот.

Жељко Јоксимовиќ и неговата сопруга, водителката Јована Јоксимовиќ, беа гости во емисијата „Интригантно“ на К1 телевизија.

Парот има 3 деца, а Жељко ја има и ќерката Мина од претходниот брак.
Со Јована го има синот Коста и близнаците Ања и Срна.
Сега открија многу непознати детали од својот приватен и професионален живот.
Јована се осврна на начинот со кој се соочуваат со критиките:
„Се трудам негативните работи да не ме допираат. Инаку, кога си нападнат, се повлекуваш. Ние имаме свој микросвет во кој живееме и ни е супер.
За мене 2025 година беше добра и предизвикувачка, година на освестување и сознанија и година која ми овозможи нов почеток“.
Жељко, пак, вели:
„Од мали нозе сум навикнат да трпам напади. Кога станав музичар, тоа продолжи...
Зошто не се бранам јавно? Затоа што не сум тука да изразувам ставови, се изразувам преку песна и музика“.

