Дарко Лазиќ со нов скандал по многуте сообраќајки - Врза санки за автомобилот и ги вози децата
- Детали
- сабота, 10 јануари 2026
На видеото што го објави Лазиќ, децата изгледаат среќни, насмеани, покрај нив трча куче, но санката се движи лево-десно зад автомобилот, а реакциите во јавноста се негативни поради големата потенцијална опасност, но и поради историјата на пејачот со сообраќајките и проблематичното возење.

Српскиот пејач Дарко Лазиќ многу често е во медиумите поради бројните скандали кои се врзуваат со него, а дел од нив се поврзани со сообраќајките кои ги предизвика и неговото возење.
По една од овие сообраќајки не се знаеше дали пејачот ќе преживее, но тој постојано влегува во нови и нови опасни ситуации, а овој пат во неа беа вклучени и неколку деца.

Пејачот, кој празниците ги поминува во Брестаќ со семејството, реши да се забавува на снегот и да ги повози децата со санки.
Но наместо санките да ги влече со рака, тој ги закачи за автомобилот и така ги вози по снежниот пат.

На видеото што го објави на Инстаграм Стори, децата изгледаат среќни, тие се насмеани, покрај нив трча куче и делува како слика од зимска идилична приказна на прв поглед.
Но, санката се движи лево-десно зад автомобилот, па реакциите во јавноста се негативни и поради големата опасност, а и поради историјата на Лазиќ со сообраќајките и проблематичното возење.
„На будалаштините им нема крај“ - пишуваат на Твитер.
За потсетување, пејачот досега бил вклучен во пет поголеми автомобилски несреќи, од кои последната се случи во септември 2025.
Тој тогаш тврдеше дека не пиел пред да седне зад воланот на автомобилот, но на видеата објавени од забавата на која што бил пред несреќата, се гледа дека во раката држи чаша со алкохол.

А. Ј. | Црнобело