Јелена Карлеуша: „Jaс не примам луѓе дома, ниту излегувам, затворена сум, не се дружам - такви ми се и ќерките“
- Детали
- недела, 18 јануари 2026
„Јас сум затворена личност, не се дружам многу, не излегувам воопшто, никаде. Јас седам дома, не излегувам по клубови, не излегувам по кафулиња, не излегувам од дома“, вели Јелена Карлеуша.

Јелена Карлеуша секогаш со задоволство кажува дека најомилена улога во животот ѝ е улогата на мајка на Атина и Ника Тошиќ.
Сега, таа проговори какви се нејзините ќерки и како таа им влијаела да бидат затворени во односот со другите луѓе.

Карлеуша искрено говори за своето секојдневие:
„Мајка им (на Атина и Ника) не им е премногу добар соговорник на тема пријателства или разочарување во луѓето и пријателствата, затоа што они гледаат дека во куќата немаме премногу пријатели, нема многу луѓе кои доаѓаат.

Луѓето кои ни доаѓаат се еден мал избран круг и постојан круг на луѓе. Јас не носам дома луѓе и никогаш не сум носела.

Јас сум затворена личност, не се дружам многу, не излегувам воопшто, никаде.
Јас седам дома, не одам никаде, не излегувам по клубови, не излегувам по кафулиња, не излегувам од дома.

Тоа е многу чудно, но такви се и моите деца, многу повлечени, мирни, тивки.
А пријателите нивни? Пријателите се оние кои во нивните тинејџерски денови ќе се менуваат и што ќе им донесат и разочарувања, какви што имав и јас.

