Милена Радуловиќ пред смртта на професорот кој ја злоставувал, Мика Алексиќ: „Имав страв дека татко ми ќе го убие“

„Најпоразително е што ќе дозволат еден педофил да умре неосуден“, зборуваше актерката Милена Радуловиќ кога судењето за злоставување на Алексиќ се одложуваше поради неговата здравствена состојба, и така и се случи.

milena-radulovikj-pred-smrtta-na-profesorot-koj-ja-zlostavuval-mika-aleksikj-imav-strav-deka-tatko-mi-kje-go-ubie-01.jpg

Актерката Милена Радуловиќ, која прва го пријави режисерот и професор по глума Мирослав Мика Алексиќ за сексуално злоставување, неодамна, гостувајќи во еден подкаст, се осврна на одложувањето на судењето и заклучи дека тој ќе умре неосуден и така и се случи.

milena-radulovikj-pred-smrtta-na-profesorot-koj-ja-zlostavuval-mika-aleksikj-imav-strav-deka-tatko-mi-kje-go-ubie-06.jpg

Мика Алексиќ (73) почина во неделата по долго боледување oд рак на дебелото црево, со што судската постапка што се водеше против него пред судот во Белград беше прекината.

milena-radulovikj-pred-smrtta-na-profesorot-koj-ja-zlostavuval-mika-aleksikj-imav-strav-deka-tatko-mi-kje-go-ubie-08.jpg

Во 2021 година, за силување и сексуално злоставување го пријавија актерките Милена Радуловиќ, Ива Илинчиќ и уште пет девојки, негови поранешни ученички.

По смртта на Алексиќ, Милена не се огласуваше, но неговата здравствена состојба во времето кога таа зборуваше за ова беше многу лоша.

milena-radulovikj-pred-smrtta-na-profesorot-koj-ja-zlostavuval-mika-aleksikj-imav-strav-deka-tatko-mi-kje-go-ubie-07.jpg

Прочитајте и „Ме бакна, па пенетрираше со прстите во мене“ – Детали од сведочењето на Милена Радуловиќ против професорот за кого тврди дека ја силувал

Радуловиќ детално зборуваше за целиот случај и на прашањето „Што значи одложувањето на судењето“, бидејќи во тој момент судењето беше одложено поради лошата здравствена состојба на Алексиќ, Милена изјави:

„Тоа значи одложување додека обвинетиот не умре неосуден.

Најстрашно е што тие и понатаму, од самиот почеток, нè гледаат како некакви актерки – жени, па има коментари, толкава омраза и неемпатија: „Што чекала, што облекла, дали сакала да биде популарна, успешна, не била никој пред тоа“…

Тука се занемарува една сериозна работа која е најпоразителна во овој случај, а тоа е дека тие ќе дозволат еден педофил да умре неосуден.

Тоа општеството мора да го сфати. Ова е еден хорор-филм со мелодија во позадина“.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Островот Крит како сцена од апокалиптичен филм: Портокалово небо и прашина поради песочна бура од Са... Поради песочна бура од Сахара, вчера островот Крит беше покриен со прашина, а по...
„Мораше“ - Сопругата го брани Дарко Лазиќ, кој повторно пее 2 седмици по смртта на брат му и стана м... „Прочитав коментари како ‘срам да ти е, не поминале ни 40 дена, а веќе пееш’. Са...
Јелена Карлеуша по долго време заедно со татко ѝ, кој ја напуштил додека била мала - Во каков однос ... Драган, таткото на Карлеуша има уште две деца, а Јелена нив никогаш не ги спомну...
Наташа Беквалац (46) стана вирален хит со изјавата за љубовниот живот: „Состојбата е тага, горчина и... „Јас имам 46 години и тоа што порано го можев за 3 дена, сега не го можам за 3 н...
„Една година сум постар од татко ѝ, а 3 од мајка ѝ“: Српски актер за љубовта со 23 години помладата ... „Се испостави дека поголем проблем е што тој не јаде свинско месо и што е муслим...
„Изгубив половина срце“ - Дарко Лазиќ скршен по смртта на брат му (32), кој беше пејач, со прекрасна... „Како да изгубив дел од себе, сè ова многу тешко ми падна. Изгубив половина од с...

Најчитани неделава