Една од најфаталните и најбогати Србинки беше во брак со германски фудбалер: „Од стресот со него добив тумор“
- Детали
- недела, 25 јануари 2026
„Ми беше дијагностициран огромен тумор помеѓу јајниците и дебелото црево. Болеста ме натера да се преиспитам дали сè уште го сакам сопругот Лотар Матеус. Ако не го сакам, зарем финансиската сигурност што ми ја обезбедуваше треба да биде единственото важно нешто во мојот живот?“, искрено вели Маријана Матеус (54), една од најпознатите бизнис жени во Србија.

Маријана Матеус (54), родена во градот Врбас, е модна дизајнерка, писателка и една од најпознатите бизнис жени во Србија.
Важи за една од најубавите жени во регионот и постојано ја поврзуваат со разни познати личности.

Таа зад себе има два неуспешни брака и 3 деца.
На само 17 години Маријана ја започнала врската со 17 години постариот Миодраг Костиќ, а на 19 се омажила за него и наскоро го добиле првото дете. Миодраг Костиќ е успешен бизнисмен и менаџер.
Во бракот со него добила 3 деца, а по разводот се омажила за германскиот фудбалер Лотар Матеус, но и покрај разводот со него, уште го користи неговото презиме. Инаку, нејзиното моминско презиме е Чолиќ.

Но, ниту оваа успешна деловна жена, која води луксузен животен стил, не ја заобиколија животните несреќи, иако за нив ретко зборува во јавноста.
Своите бракови, но и разводи, Маријана секогаш ги претставува скоро бајковито, потпирајќи се на оптимизмот и насмевката која е нејзин заштитен знак.

Но, во едно интервју таа искрено зборуваше за моментот кога нејзиното здравје беше сериозно загрозено во периодот кога била во брак со Лотар Матеус:
„После сите тие патувања, приеми, интензивниот живот што го водевме, почна сè да пукa.
Не би се уморила толку од сè тоа ако не ми недостасуваше време за сама себе, имаше премногу давање на моето време на некои други луѓе, а не само нему (на Лотар Матеус).

Неколку месеци пред разводот ми беше дијагностициран огромен тумор помеѓу јајниците и дебелото црево, за кој до операцијата не се знаеше дали е малигнен.
Тогаш првпат сфатив колку стресен живот имав со Лотар Матеус.
