Една од најфаталните и најбогати Србинки беше во брак со германски фудбалер: „Од стресот со него добив тумор“
Болеста ме натера да се преиспитам дали сè уште го сакам.
Ако не го сакам, зошто финансиската сигурност што ми ја обезбедуваше треба да биде единственото важно нешто во мојот живот?"

Маријана пред разводот беше оперирана во Салцбург.
Таа вели:
„Шест седмици живеев со сознанието дека ме очекува сериозна и тешка операција.
Никогаш во животот не сум била толку слаба, но сè стоички издржав.

Имав прекрасен доктор, одлична нега и многу среќа што сè помина добро.
Кога видоa во каква фаза е туморот, ми рекоа со стопроцентна сигурност дека нема да има зрачење и сè ќе се повлече само од себе“.

Инаку, Маријана се разведе од Лотар по медиумската приказна за неговата наводна прељуба и тајна врска со манекенката Кристина Лилијана.
Прочитајте и По 5 разводи, Лотар Матеус има 38 години помлада девојка - Која е манекенката што го заведе легендарниот фудбалер?

Маријана, сепак, тврди дека се разделиле како пријатели, иако некое време не комуницирале.
Сега се во одлични односи, а оваа фатална заводничка од тогаш е поврзувана со многу мажи, но таа не потврди ни една врска.
„Конечно можам да живеам онака како што сакам и да се забавувам со кого и да посакам“, вели Маријана и порачува дека единствено мото ѝ е: „Животот нема реприза“.

Прочитајте и Богати бивши сопрузи, се дружи со Цеца: Која е Маријана Матеус (50) - една од најбогатите и најубави Србинки?
С. С. | Црнобело