По скандалот, Душко се огласи, а Јелена Карлеуша си ужива во Дубаи со ќерките и си пее „Јас сум Барби“
- Детали
- петок, 23 јануари 2026
Душко Тошиќ ја исплатил заостанатата алиментација за децата, дури откако Јелена јавно го нападна за тоа. По скандалот за бравите со полицијата тој даде кратка изјава, додека Карлеуша снима видеа како ужива во раскош со ќерките во Дубаи.

Јелена Карлеуша моментално е на одмор во Дубаи со своите ќерки Атина и Ника, од каде и што направи скандал кога го пријави во полиција поранешниот сопруг Душко Тошиќ.

Таа го пријави бидејќи влегол во вилата каде Јелена живее со ќерките и наводно ги сменил бравите додека таа е во Дубаи.
Карлеуша за српските медиуми потврди дека случајот го пријавила во полиција, а потоа продолжила да ужива во одморот со своите наследнички.

Среде хаосот, таа продолжи да се снима за социјалните мрежи.
Стajлингот го усогласи со помладата ќерка Ника, па двете во розови тренерки се снимаа за ТикТок како ја пеат песната „Barbie girl“.
@karleusaofficial Barbies💕#karleusa #nikatosic #atinatosic @Nika Tošić
♬ Barbie Girl - Aqua
Јелена, потоа, објави видео како ужива на лежалка на плажа, а пред неа нејзините ќерки Атина и Ника си играат во песокот.

Таа очигледно се потрудила ситуацијата со Душко да не им го наруши мирот и одморот на нивните ќерки.

Инаку, Душко Тошиќ се огласи по скандалот за српските медиуми и изјави:
„Ги вратив клучевите од мојот стан исклучиво поради децата. На оваа тема повеќе нема да се огласувам“.
