Словенец ги земал сопругата и новороденчето од болница со лимузина: „Каков џентлмен - јас ни цвеќе не добив“

И додека во Македонија сигурно би „плукале“ по него што отишол со лимузина и букет, Словенците имаат само пофални коментари: „Браво, јас од мојот маж ништо не добив / Каков господин... / Браво за таткото, честитки за семејството“.

slovenec-gi-zemal-soprugata-i-novorodencheto-od-bolnica-so-limuzina-komentarite-hit-kakov-djentlmen-jas-ni-cvekje-ne-dobiv-1.jpg

Маж од Словенија одлучил да ги земе својата сопруга и новороденото бебе од болница на уникатен начин, за да се чувствуваат посебно.

Од болницата за гинекологија и породување во Крањ, Словенија, објавија фотки од мајка која заминува со своето новородено дете, а сопругот ги пречека со лимузина и букет цвеќе, па веста вирално се прошири и по медиумите низ регионот

Тие беа фотографирани додека излегуваат од болница, мајката со букетот во рака, а таткото со новороденчето во корпа, па потоа заедно позираат пред лимузината.

„Моќта на жената и раѓањето на дете се повеќе од величествени. Воодушевени сме што сопругот на г-ѓа Марина го одвезе своето семејство дома“ – стои во описот на објавата.

slovenec-gi-zemal-soprugata-i-novorodencheto-od-bolnica-so-limuzina-komentarite-hit-kakov-djentlmen-jas-ni-cvekje-ne-dobiv-02.jpg

И иако доколку ова беше кај нас, во коментари ќе преовладуваа критики и прашања зошто имало потреба од лимузината, менталитетот на Словенците е очигледно многу поразличен.

Тие го фалат мажот, кој првенствено ѝ подарил букет цвеќе на сопругата, а потоа и одлучил да ги однесе дома со лимузина.

„Јас родив близнаци, а тој не ми ни честиташе, одлична работа направил овој сопруг и татко“.

„Вакви кавалери има многу малку“.

„Честитки на двајцата. Посебно на таткото што ги одвел дома на убав начин“.

slovenec-gi-zemal-soprugata-i-novorodencheto-od-bolnica-so-limuzina-komentarite-hit-kakov-djentlmen-jas-ni-cvekje-ne-dobiv-03.jpg

„Браво, тоа се вика сопруг и татко“.

„Респект за тоа што таткото дошол со букет цвеќе и гордо си го носи бебето. Честитки на семејството!“

„Колку е прекрасно ова!“

Сепак, помеѓу многуте пофалби, има и неколку такви кои сепак сметаат дека е непотребно фалење.

„Сè е убаво и правилно, но мислам дека за љубов и внимание не е потребно толку помпа. Ако ме сака и е среќен и горд, не ми е гајле со што ќе дојде по нас“.

„Сериозно? Што е толку необично? Нели секој татко треба да дојде и да си ги земе сопругата и детето од болница?“

slovenec-gi-zemal-soprugata-i-novorodencheto-od-bolnica-so-limuzina-komentarite-hit-kakov-djentlmen-jas-ni-cvekje-ne-dobiv-04.jpg

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Партнерката на Огњен Амиџиќ се пожали од него, но се пофали од свекрвата (чиј сопруг бил убиен во 19... Огњен Амиџиќ на 16 години го загуби татко си, ги презеде сите обврски дома, а се...
Сопругата на Никола Роквиќ: „Отидовме сами на Бали на 5 дена – не можев подолго без децата“ „Прв пат без децата на одмор, по речиси 10 години... Од планираните 7 ноќи, скра...
Сопругата на Тарик Филиповиќ (53) прослави роденден во Виена - тој ја снима, таа блеска (видео) Вљубениот пар славеше во отмен ресторан во Виена, Лејла изгледа децении помладо,...
Сопругата на Амиџиќ: „Огњен може татко да ми биде, ама не ми е – со две деца е турбо, имам 52kg и не... „Мина е 100% природна, нема ни филери ни пластика, ни на усните“ - ја одбрани Ог...
Сопругата на Пеџа Јовановиќ, со кого се разведе 2 пати, е бикини божица на Малдиви: „Имам 3 деца, но... „Сакам да бидам подобар татко и подобар човек, затоа престанав да пијам“, вели П...
Хит видео: „Заглавените“ патници на Евзони играа оро додека чекаа да влезат во Македонија „Грчките цариници сигурно си велат дека им е забавно, па не се брзаат да ги проп...

Најчитани неделава