„Може татко да ти биде“ - Српски актер (51) е во скандалозна врска со 23 години помлада девојка од Бања Лука
- Детали
- вторник, 03 февруари 2026
Таа се фали со нивната љубовна врска на Инстаграм и вели дека во име на љубовта ќе се пресели во Ужице. Парот планира и свадба, и покрај осудувачките коментари од околината, како: „За 20 години ти ќе имаш 40, а тој 70“...

Актерот Вахидин Прелиќ (51) од Србија, кој е познат по улогите во неколку српски серии, како што е „Калкански кругови“, каде го толкува мистериозниот полицаец Баста, потоа „Ургентни центар“, „Убице мог оца“ и „Игра судбине“, каде ја има улогата на психијатарот Данило Поповиќ, во приватниот живот е во врска со 23 години помлада девојка.
Парот е и свршен, а на Инстаграм Бојана вели дека се во преговори за датумот за свадба.

Инаку, врската им е на далечина, а Бојана открива дека планира да се пресели во Ужице, каде што живее нејзиниот избраник.
Бојана Родиќ не се срами од разликата во години, па дури и се шегува на нивна сметка, иако парот се соочува со низа осудувачки коментари.
Таа сними дури и видео со Вахидин, каде вели: „Тато, кога ќе му кажам дека дечкото ви е негово годиште“.
Kликнете на видеото:
Според српските медиуми, Бојана е студентка по математика и информатика, актерка со десетгодишно искуство и дописничка на независната медиумска платформа „Balkan Diskurs“.
