Сите детали за бомбата фрлена во домот на Здравко Чолиќ - снимки од напаѓачите, естраден менаџер е нарачател поради долг
- Детали
- среда, 04 февруари 2026
На видеото кое го поседува полицијата, се гледа дека станува збор за двајца маскирани мажи кои ѝ приоѓаат на оградата и ја активираат бомбата, па ја фрлаат директно кон влезната врата на домот на Здравко.

Вчера (03.02) јавноста ја потресе веста дека утрото околу 5 часот е фрлена рачна бомба врз куќата на Здравко Чолиќ на Дедиње во Белград.
Фото: Принтскрин Јутјуб
За среќа, во нападот нема жртви, но причинета е поголема материјална штета.
Сопругата на Здравко, Александра, веднаш по експлозијата се јавила во полиција и го пријавила случајот.
Фото: Принтскрин Јутјуб
Брзо по ова, во јавноста се огласи и Здравко и кажа дека сите се добри и дека никој од семејството не е повреден.
„Јас сум во Загреб, завршувам со снимање на песните за мојот нов албум, не сум во Белград“, рекол тој.
Што друго знаеме за експлозијата во домот на Здравко Чолиќ?
Според српски „Телеграф“, кој објави и снимки од внатрешноста на куќата, полицијата веќе поседува снимки од безбедносните камери, а кои треба да им помогнат да откријат кој ја фрлил бомбата.
Наводно, на видеото се гледа дека станува збор за двајца маскирани мажи кои ѝ приоѓаат на оградата и ја активираат бомбата, па ја фрлаат директно кон влезната врата на домот на Здравко.
Во експлозијата е уништена фасадата околу влезната врата, распукани се многу прозорци, уништена е масивната влезна капија, искршени се прозорците на автомобилот кој бил паркиран во близина, но и неколку куќи во околината на куќата на Здравко.
Фото: Принтскрин Јутјуб
Брзо по експлозијата, која ги вознемири и семејството Чолиќ, но и соседите, почна да се шири теорија дека Здравко не бил цел на нападот, туку неговиот поранешен менаџер Адис Гојак, иако, официјално мотивот за фрлањето на бомбата не е познат.
Според српски „Курир“, пак, сè упатува на тоа дека нарачател на нападот е естраден менаџер, а дека бомбата е фрлена како предупредување поради голем паричен долг.
Некои тврдат дека бомбашите „згрешиле“ и дека целта била друга куќа во близина на куќата на Чолиќ.
Некои медиуми објавија и фотографии од Уна, една од ќерките на Чолиќ, која седи замислена во дворот на куќата по експлозијата, додека работник го расчистува нередот.

Прочитајте и Здравко Чолиќ за CRNOBELO: „Сопругата ме ‘врза’ со толеранцијата, јас никогаш не сакав да се женам“
А. Ј. | Црнобело