Оженети мажи, свршеник уапсен од Интерпол - Сите бивши дечковци на Милица Тодоровиќ
Следната врска беше кратка, а нејзин избраник беше актерот Петар Стругар.
Тие беа постојано во медиумите, ги канеа на заеднички интервјуа, но се чини дека популарноста и притисокот што го чувствувале поради неа, придонеле за нивното брзо раскинување.


Милица неколку месеци живееше и со Лазар Граниќ, за кого се знае дека им цртал веѓи на жените и така заработувал за живот.


Ни оваа врска не траеше долго, а по Лазар, Милица почна да се гледа со хрватскиот бизнисмен Марио Беришиќ.
Пејачката откри и дека тој ја запросил, но кога сите очекуваа свадба, Милица ја раскина свршувачката.
Причината за ова е што Марио бил уапсен откако Интерпол распишал потерница по него.
Драмата се случила во елитна населба во Белград, каде што тој бил уапсен, а под обвинение за кривични дела, вклучувајќи измама и фалсификување документи.


По ова Милица се повлече од јавноста. Но веднаш по раскинувањето најде нов љубовен партнер, кој не е јавна личност.
Само два месеца откако почнаа врска, пејачката остана бремена. Нејзиниот партнер Н. М. никогаш не се појави никаде со неа, што ги поттикна гласините дека пејачката и мистериозниот маж не се заедно.
Сепак, тој се појави на прославата со мекици за раѓањето на синот Богдан, кога беа објавени и неговите први фотографии, а неполн ден потоа неговата сопруга преку изјава за медиумите ја откри аферата и кажа дека тој е две децении во брак, а дека имаат два возрасни сина.
Според жената, таа и Милица се сретнале неодамна, а пејачката тогаш ѝ кажала дека чека тие да се разведат, за нејзиниот љубовник да биде со неа и нивното бебе.


Прочитајте и Скандал на Милица Тодоровиќ - Мажот со кого доби син е 19 години во брак, неговата сопруга ја откри аферата
А. Ј. | Црнобело