Порасната е во Кипар, има 7-годишна ќерка, но не сака брак – Која е Иви Адаму, грчката поп-кралица, по која „полудеа“ и Македонците?
- Детали
- петок, 13 февруари 2026
Вчеравечер настапи во скопски локал и ги крена сите на нозе меѓу кои беа Елена Најдоски и Калтрина, ја пееше „Na Ti Xerese“ (со српската верзија „Da podnesem bol“), во врска е со музичар и има 6-годишна ќерка со која се облекува во усогласени аутфити – што знаеме за кипарската пејачка со грчко потекло, Иви Адаму?

Во последниов период Иви Адаму е атракција и кај македонската публика, со своите грчки хитови, посебно со препеаниот хит на Деспина Ванди, „Na Ti Xerese“.
Вчеравечер таа настапи во скопски локал, каде со својата енергија ги крена сите на нозе, а како и секогаш, привлекуваше внимание со својот атрактивен аутфит, светкав корсет со широки фармерки.

Помеѓу многуте гости на нејзиниот настап, беа и Елена Најдоски, облечена во бел мини фустан, како и Калтрина, која повторно се појави во провокативен аутфит, а двете изгледа како одлично да се забавувале.

Иви Адаму освојува со својот изглед и шарм, згодното тело и впечатливи стајлинзи, но многумина не знаат ништо повеќе за неа освен што ѝ го слушнале името и по некоја песна.
Која е Иви Адаму?
Иви Адаму е пејачка од Кипар со грчки корени, родена е на 24 ноември 1993-та и има 32 години.
Таа е порасната во Аја Напа, но во Грција се прославила по учеството на грчкото ТВ шоу X-Factor, по што таа потпишала и договор со Sony Music Greece, па оттаму кариерата ѝ оди по нагорна линија.
Долг период живеела на релација Кипар-Грција, кога во 2011 се преселила во Атина за да студира социологија и дипломирала во 2015.
Во 2012 Иви уште повеќе се прослави откако го претставуваше Кипар на Евровизија со песната „La La Love“.
Во Грција ја нарекуваат „поп-кралица“ и „тин-идол“, во изминатите 10 години има добиено бројни награди и номинации, а исто така постојано поддржува хуманитарни акции и кампањи за превенција од рак.
Нејзини музички идоли се Бијонсе, Кристина Агилера и Витни Хјустон, како и грчката пејачка Хелена Папаризу.
Што се однесува до приватниот живот, таа од 2014-та е во врска со Микалис Кинелис, музичар од бендот Stavento.
Во 2018-та тие ја добија нивната ќерка Анатоли-Нефели, која сега има 7 години и Иви не ја покажува многу на фотки, но се гледа дека сака да имаат модно усогласени аутфити.
Инаку, таа не е заинтересирана за брак и неколкупати за грчките медиуми има зборувано на оваа тема:
„Почитта, заемното разбирање и разговор се многу важни во врската. Фактот што не сме во брак со Микалис му е многу чуден на светот.
Но мислам дека во очите на Бог, двајца луѓе кои се сакаат и тоа го покажуваат секој ден, е исто како да се венчани.
Микалис често ми вели – Зошто да се венчаме? Не сакам да се разведам.
Тој го кажува тоа на шега, но можеби и го мисли. Не е нешто што е неопходно, мене ми е доволно што го имам Микалис и нашата ќерка“.
М. М. | Црнобело