Детали за трамвајската несреќа во Сараево: Загинал 23-годишен студент, на девојка (17) ѝ ја ампутирале ногата
Арман има зборувано за синот Ердоан и неговиот брат близнак Ардијан, а и за двајцата има изјавено дека имале талент за музика.
„Ардијан студира компаративна книжевност, а Ердоан се запиша на ликовна академија. Двајцата заслужија да студираат што сакаат.
Беа многу талентирани за музика, но немаа некоја желба да се занимаваат за тоа… Никогаш не сум ги форсирал да се занимаваат со музика“, има изјавено Арман.
Засега тој се нема огласено за смртта на син му.
Од четворицата повредени, во најлоша состојба е 17-годишна девојка – Ела Јовановиќ – на која морале да ѝ ја ампутираат ногата.
Девојката уште е во критична состојба, а директорот на болницата во којашто е сместена само сподели дека продолжуваат да се борат за нејзиниот живот.
Од католичкото училиште „Свети Јосиф“ во Сараево открија дека Ела била нивна ученичка.
„Нашата драга Ела денес е во мислите и молитвите на целото наше училиште. Ѝ ја испраќаме сета љубов, сила и надеж“, стои во една од објавите на социјалните мрежи на училиштето.
Исто како обвинителството и од претпријатие за јавен превоз во Сараево споделија дека нема да го коментираат случајот додека не заврши истрагата.
Денес на местото на несреќата се собраа и голем број студенти и граѓани за да му оддадат почит на загинатиот Ердоан, но и да го искажат својот револт.
Спирова С. | Црнобело