„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со таткото на детето на Милица Тодоровиќ?
- Детали
- среда, 18 февруари 2026
„Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те скрши те направи посилна“ - Милица Тодоровиќ го сподели овој цитат во кој се пронајде, додека во меѓувреме нејзината сосетка тврди дека љубовникот ја „откачил“: „Откако дојде од породилиштето, тој ниту еднаш не се појави кај неа во станот. Таа е сама со нејзината мајка таму“.

Дури и две недели по породувањето на Милица Тодоровиќ, јавноста не престанува да зборува за скандалот кој ја следеше, откако се откри дека татко на детето е оженет маж со две деца.
Таа во текот на цела бременост криеше кој е татко на детето, но никој не очекуваше дека ситуацијата ќе кулминира, кога по мекиците кои ги организираше тој, се појави неговата сопруга и ја обелодени аферата со пејачката која им траела една година.
Скандал на Милица Тодоровиќ - Мажот со кого доби син е 19 години во брак, неговата сопруга ја откри аферата

Жената позната како Љиљана М. во својата изјава откри дека по разговорот со Милица сфатила дека таа само чека тој да се разведе од сопругата, но изгледа дека тоа нема да се случи.
Неодамна жената сподели дека сега мажот со иницијали Н.М. не сака да се разведе:
„Моите деца и јас поминуваме низ пекол. Милица ми кажа дека биле во врска една година и дека чека да се разведеме.
Тој ми рече дека не сака да го напушти семејството, не знам што ѝ кажал на неа. Милица само сака да се разведеме и тој да биде со нив“.

Но, и други луѓе од естрадата во Србија си земаат за право да коментираат за нејзината ситуација и за тоа дали нејзиниот љубовник ќе ја остави сопругата.
Српските медиуми пишуваат за извесен пејач Хасан Дудиќ, кој ја прокоментирал целата ситуација:
„Таква ѝ е судбината. Милица е прекрасна девојка, талентирана е, умее да пее, имитира и глуми. Но мислам дека можела да бира подобро. Веројатно многу сакала дете, па ја прифатила ситуацијата.
Не верувам дека тој ќе се разведе, сите сакаат да бидат швалери, но ретко кој ќе се разведе, посебно кога има деца“.

Во меѓувреме, голем број од нејзините колеги постојано ја бранат преку социјалните мрежи и преку изјави во медиумите, велејќи дека не треба толку да ја напаѓаат и дека таа ќе ја раскаже својата страна од приказната, но дека моментално не е време, нагласувајќи дека дотогаш сите треба да си гледаат во својот двор.
