Дарко Филиповиќ по аферата на сопругата Македонка, со негов другар и разводот: „Не се женам пак“
Филиповиќ еднаш зборуваше за тој бизнис и откри како почнал со недвижнини:
„Имам еден пријател кој веќе има недвижнини таму, има повеќе станови. Тој ми рече дека сега е вистински момент да се вложи во недвижнини, бидејќи за неколку години цените ќе се зголемат.
Во тој момент, пред повеќе од четири години, во тој регион вредноста на квадратот и недвижнините беше најниска во историјата.
Имав некоја заштеда и помислив дека цената никогаш нема да оди подолу, само може да порасне.
Станува збор за едно место покрај Солун на море. Таму купив два апартмани, еден за себе, еден го издавам на туристи преку агенција со која се поврзав“.
На тема повторното стапување во брак, Дарко вели:
„Не ме интересира што зборуваат и пишуваат, јас знам дека повеќе нема да се женам.
Досега пет пати ме погребуваа, шест пати ме венчаа, седум пати ме разведоа.
Инаку, не се селам, ниту женам, на Тајланд, но секоја година доаѓам овде на одмор и останувам околу два месеци. Ова ми е 18-ти пат овде и можам да кажам дека е најдоброто место на светот“.


С. С. | Црнобело